На прво место

Гоце Делчев – Знаме и симбол во борбата за слобода- Вечен патоказ за Македонија!

goce-delcev

                          1goceНе постојат доволно страници да се испише и објасни големината на големиот револуционер, идеолот, борец за слобода – Гоце Делчев.

До ден денес светските историчари пројавуваат голем интерес за неговиот лик и дело и секојдневно прелистуваме илјадници страници како во домашните изданија така и во светските.

Бил наречен македонски Гарибалди дека беше Човек во вистинска смисла на зборот, човек кој се бори за слобода, демократија, независност.

Рускиот публицист Н.Г. Чернишевски запишал: Силните личности настаните ги забрзуваат или го запират нивниот тек и со својата надмоќна сила ја пренесуваат правилноста на хаотичното бранување на силите што ги движат масите.

Се појави на македонската сцена во тешко, специфично време а токму Гоце му даде прогресивен печат, му вдахна револуционерен дух на времето. Се жртвуваше за да ја изведе Македонија на патот кон слободата, го направи она што никој дотогаш нити било кога не може да го направи. Гоце Делчев е свето знаме, високо кренато и со победоносен дух.

Весникот Советска Македонија од 8 март 1923 година му дава високо признание и го става во редот на чесните, смелите и незасенчени идеалисти.

За неговата несмирена страст против ропството тој изјавува ‘До кога ние ќе им робуваме на овие бегови и аги, до кога ќе не плашат кајмаками и полицајци. Зошто македонскиот народ е должен да води таков живот, да ги храни тие крлежи што се впиле во снагата народна, Зарем Македонците не се храбри и јуначни? Кој смее да каже дека Македонците не се способни да ја извојуваат својата слобода, да ги урнат тираните, да се исчистат од крлежите ‘ Гоце Делчев при едно обраќање во Ваташа.

Токму  Гоце Делчев е една силна личност за каква пишува Чернишевски. Неговото име зрачи како сонце и ден денес, тоа e синоним за непокорност, јака воља, истрајност до конечна победа. Гоце е симбол во борбата за слобода, со неговата појава се ставило на пиедестал македонското национално ослободително движење, ги поттикна и раздвижи историските настани, ја разбуди свеста за слободна Македонија.

Секогаш им велел на своите соборци – Да бидеме готови да ја пресретнеме смртта, да ја пресретнеме и победиме!

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата.

Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава.  Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Веста за неговата смрт брзо се раширила низ Македонија и никој не можел да верува во тоа. Ѓорче Петров забележал: Јас бев овде, кога се слушна за смртта  на Делчев, Страшно бев поразен. Ја криевме неговата смрт извесно време. Со неговата смрт осиромашуваше цел народ.

Британскиот новинар Џон Мекдоналд во Дејли Њуз објавил: – многу години беше душа на револуцијата во Македонија, Делчев беше идол на десетини илјади македонски селани. Европските читатели претпоставуваат дека Борис Сарафов е водач на револуцијата. Борис Сарафов не е повеќе од водач на една боречка чета…Вистинскиот водач во последните неколку години беше Георги Делчев.

Во хрватскиот весник Хрватско право од 8 мај 1903 пишува – Делчев е маркантна личност меѓу мажите што работаат во солунското подрачје. Тој е тичичен претставник на револтот на народот.. Во загрепскиот весник Обзор од 13 јуни пишувало – Делчев беше енергичен водач на Внатрешната македонска организација, со Делчев падна човек што беше душа на револуционерното движење во Македонија. Со неговата смрт и беше зададен тежок удар на Внатрешната организација и нејзините цели.

Голем простор одделен за објави за Гоце Делчев сведочи за големината на неговиот лик и дело, за тоа што значеше тој за Македонија. А секако неговата позната мисла: Јас го разбирам светот како културен натпревар меѓу народите – е се уште насекаде прифатена и со гордост се цитира на значајни манифестации како во Македонија така и во светот.

Од странски автори кои се интересирале за македонската проблематика а посебно за Гоце Делчев бил и рускиот историчар В.И Зуев кој објавил документарен прилог кој го разработува местото и улогата на на Гоце Делчев како организатор и раководител на македонското национално ослободително движење. Основен заклучок на авторот бил дека сета дејност на Гоце Делчев била насочена кон ослободувањето на македонскиот народ од гнетот и експлоатацијата на турските феудални асимилатори. Делчев се бореше за национална независност и слобода на македонскиот народ. (од книгата Гоце Делечв од Христо Андонов Полјански).

Објавени се неколку биографии за Гоце Делчев но прво место зазема биографијата напишана од Пеју Јаворов објавена во 1904 година и е заначајна затоа што го означи почетокот на Делчевологијата.

Вечен му помен и никогаш да не се заборави неговиот лик и дело.

До надеж дека сите наредни генерации ќе го земаат за пример и ќе се борат за националните интереси на Македонија.

Денес Гоце Делчев е и треба да биде секој Македонец кој си ја љуби својата Библијска Македонија!

Гордана Димовска, Мелбурн, Австралија

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top