На прво место

Тони дрога се запленети: ќе се отрие кој ги штител?

marihuana111

marihuana111

Заплената на дрога што ја разниша политичката сцена во Македонија

Конвој камиони и комбиња денес ја напуштија Струмица, натоварени со околу 30 тони запленета марихуана. Сликата е речиси надреална, но пораката е кристално јасна: ова не е обична полициска акција, туку удар што директно ја раздвижи и вознемири македонската политичка сцена.

Според информациите полицијата влегла во две компании за одгледување медицинска марихуана во Струмичкиот регион. Но, проблемот не е само во количината на дрогата – проблемот е во трагите што водат кон врвот на поранешната власт на СДС и фамилијата Заеви, трговците со пиперки во Србија.

Истите извори наведуваат дека фирмите се поврзани со марихуаната запленета во Србија, како и со родениот брат на поранешниот премиер Зоран Заев, Вице Заев.

Токму тука приказната престанува да биде криминална и станува длабоко политичка.

123

Според сè уште неофицијални информации, во изминатите два дена во Македонија се запленети околу 40 тони марихуана. Само во Скопје, се запленети девет тони марихуана и над 1.300 шишиња произведено масло од канабис – полупроизвод подготвен за понатамошна дистрибуција.

Дрогата била пронајдена и во простории што ги користела фирмата „Алфафарм“, чиј сопственик Иван Драгниќ е уапсен поради поврзаност со случајот на заплена на марихуана во Србија.

Втората, уште поголема заплена – над 31 тон марихуана и биомаса – е реализирана во Струмичкиот регион. Од фирмата „ЦБД Медплант“ од селото Борисово, во Општина Ново Село, запленети се дури 21 тон марихуана. Овие бројки не се статистика, туку аларм за системски проблем што со години се толерирал, штител и прикривал.

Прашањето што сега мора гласно да се постави е едноставно: како е можно под плаштот на „медицинска марихуана“ да никне една од најголемите нарко-операции во регионот? И уште поважно – кој сè знаел, кој премолчувал и кој давал политичка заштита?

Оваа заплена не смее да заврши како уште една „спектакуларна акција“ без политичка одговорност. Ако институциите застанат на ниво на приведени бизнисмени и фирми, а не допрат до политичките врски и покровители, тогаш пораката ќе биде поразителна: дека државата знае да апси, но не да расчисти.

Македонија денес има шанса – ретка, но реална – да покаже дека законот важи и за оние што беа недопирливи.

Ова не е само случај на заплена на дрога. Ова е тест за тоа дали Македонија е држава или само декор.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top