На прво место

Сретение Господово: средбата што го менува светот

Sretenie

Sretenie

На празникот Сретение Господово, Црквата го слави споменот на еден тивок, но суштински настан од земниот живот на Господ Исус Христос (Лука 2, 22–40).

Четириесет дена по Неговото раѓање, Пресвета Богородица и праведниот Јосиф Го принесуваат Богомладенецот во Ерусалимски храм – духовниот центар на богоизбраниот народ.

Според Мојсеј (3. Мој. 12), жената што ќе роди машко дете четириесет дена не влегувала во храмот. Тоа не било казна, туку дел од старозаветниот поредок на очистување и посветување. Но токму тука се случува парадоксот што ја открива длабочината на христијанската вера: Оној Кој го дал Законот, доброволно му се потчинува на Законот. Создателот на храмот влегува во храмот како Дете.

Сретение значи „средба“. Тоа не е само историски настан, туку божја порака. Во храмот се среќаваат Стариот и Новиот Завет.

Старецот Симеон – праведник кој со години го чекал исполнувањето на ветувањето – Го зема Младенецот во рацете и ги изговара зборовите што одекнуваат низ вековите: „Сега го отпушташ Својот слуга, Владико… зашто очите мои го видоа Твоето спасение.“ Во таа прегратка се среќаваат надежта и исполнувањето, ветувањето и реалноста, човекот и Бог.

Овој празник нè потсетува дека Бог не доаѓа со сила и триумф, туку со смирение. Не доаѓа да ја укине традицијата, туку да ја исполни. Не доаѓа да ја оттурне историјата, туку да ѝ даде смисла. Во четириесеттиот ден по раѓањето, Игус Христос не прави чудо, не држи проповед, не собира ученици. Тој едноставно се принесува – како дар.

Во времиња кога светот е исполнет со конфликти, идентитетски кризи и духовна празнина, Сретение ни поставува едноставно, но суштинско прашање: Дали сме подготвени за средба?

Средбата со Христос не е спектакл. Таа е лична, тивка и длабока. Како што Симеон Го препозна Спасителот не по надворешна слава, туку по духовна светлина, така и денес верата бара внатрешен вид.

Сретение е и празник на светлината. Христос е „светлина за просветување на народите“. Тоа значи дека верата не е затворена во етнички или национални рамки. Таа е универзална порака на спасение. Во храмот во Ерусалим, во срцето на еврејската традиција, се објавува спасение за сите народи.

И токму затоа Сретение не е само спомен на минатото. Тоа е повик кон сегашноста. Да ја направиме средбата со Бога суштина на нашето секојдневие.

Зашто вистинската средба со Христос не завршува во храмот – таа почнува таму.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top