На прво место

Дали вратата за Македонија во ЕУ навистина е отворена?

Mickoski5

Mickoski5

На Минхенска безбедносна конференција, премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на тркалезната маса со симболичен, но суштински наслов: „Отворена врата или отворен крај? Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“.

Тоа не беше уште една протоколарна дискусија со внимателно одмерени дипломатски формулации. Беше разговор за довербата. За кредибилитетот. За тежината на европскиот збор.

Мицкоски јасно ги претстави позициите на Македонија. Ние не бараме привилегии. Не бараме кратенки. Бараме фер третман и доследност во принципите што самата Европска Унија ги воспостави. Ако правилата важат за сите, тогаш треба да важат и за нас. Ако реформите се мерило. тогаш реформите мора да бидат наградени.

Пораката беше едноставна и прецизна: на Македонија и на регионот не им треба процес без хоризонт, туку заслужена и предвидлива европска иднина.

Предолго живееме во чекалница. Предолго слушаме дека „сега не е моментот“, дека „контекстот е сложен“, дека „потребна е дополнителна политичка волја“.

Но колку уште генерации треба да растат со ветување наместо со перспектива? Колку уште компромиси треба да направиме за да докажеме дека сме дел од Европа, географски, културно и вредносно?

Македонија направи тешки одлуки. Понесе товар што малку држави би го понеле без длабоки внатрешни потреси. Нашите граѓани покажаа зрелост, трпение и јасна европска ориентација дури и кога разочарувањата беа најголеми. Тоа не смее да остане без одговор.

Проширувањето не е милостина. Тоа е стратешка инвестиција во стабилноста на целиот континент. Балканот не е периферија. тој е дел од европската безбедносна и политичка архитектура. Во време на засилени геополитички тензии, отворената врата мора да биде вистински отворена, а не симболично подотворена со бесконечни условувања.

Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани. Време е европската перспектива да престане да биде декларација и да стане реалност со јасна временска рамка.

Предвидливоста е клучот за довербата. Без неа, секој процес се претвора во отворен крај.

Македонија нема да се откаже од европскиот пат. Но Европа мора да покаже дека и таа не се откажала од сопствените ветувања. Историјата нема да суди само по зборовите, туку по делата.

И затоа прашањето останува едноставно, но суштинско:

Дали вратата за Македонија во ЕУ навистина е отворена?

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top