На прво место

ВО АВСТРИСКАТА ВОЈСКА ОД 17 ВЕК ИМАЛО ДВАЈЦА КАПЕТАНИ МАКЕДОНЦИ!

Avstrija2

Avstrija2    Avstrija 

(Објавени неодамна пронајдените оригинални писма од царот на Светото Римско Царство Леополд Први од 17 век со кои го зема под заштита македонскиот народ)

Неодамна во Штип во свечената сала на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ се одржа промоција на книгата под наслов: „Оригиналниот ракопис од прогласот и останатите печатени прогласи на царот Леополд Први од 1690 година со кој го зема македонскиот народ под своја заштита“ од авторите Џони Тодоровски од Холандија и м-р Александар Донски од Штип. Книгата ја промовираше академик Стојко Стојков (професор по историја на УГД од пиринскиот дел на Македонија).

Во книгата за првпат во јавноста е објавен оригиналниот ракопис од Прогласот на царот на Светото Римско Царство Леополд Први со кој го зел под своја заштита македонскиот народ откако претходно кај него на прием биле двајцата Македонци Марко Краида од Кожани и Димитрија Ѓорѓи Поповиќ од Солун, кои го замолиле царот да објави ваков Проглас.

Интересно е тоа што преписот на овој Проглас кај нас досега повеќе пати е објавен, но никаде не е спомнато како можеле овие двајца Македонци да бидат примени од царот Леополд Први кој во тоа време бил еден од најмоќните луѓе во светот, па кај нашите историчари постоеше дилема во врска со ова.

Благодарение на оригиналниот ракопис на текстот од Прогласот (што неодамна го откри Џони Тодоровски во Државниот архив во Виена) јасно е навестен начинот на кој овие наши сонародници биле примени од царот Леополд.

Едноставно, тие биле офицери (капетани) во неговата војска, кои под своја команда имале неколку стотици војници, па како такви побарале и реализирале прием кај царот по што тој го објавил својот Проглас за заштита на македонскиот народ.

Фактот дека тие биле офицери во војската на Светото Римско Царство беше изоставен во досега објавените преписи на овој Проглас кај нас, па со оваа книга се разјаснува оваа дилема.

Освен овој Проглас, во книгата (која е двојазично објавена на македонски и на англиски) се објавени и ракописите на други прогласи во кои е спомната Македонија.

Книгата е во издание на Македонскиот институт за културни, јазични и научни студии „Хелиос“ со седиште во Холандија, чиј претседател е Џони Тодоровски. Организатор на промоцијата беше Факултетот за образовни науки при УГД. Модератор на промоцијата беше проф. д-р Оливер Цацков, а извадоци од книгата читаше студентот по историја и археологија Анастасија Донска.

6d-donski copy copy

Александар Донски

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top