На прво место

Кој има корист кога Македонија се споредува со Иран и Венецуела? Сигурно не Македонија!

Filipce

Filipce

Кога политичар како Венко Филипче ќе ја спореди сопствената држава, ако воопшто ја чуствува за своја, со режими како оние во Иран и Венецуела, тоа не е лапсус, тоа е тешка квалификација со сериозни импликации.

Да ја ставите Македонија во ист кош со држави што со години се симбол на санкции, изолација и авторитаризам значи свесно да ѝ нанесете штета на нејзината меѓународна позиција и тоа заради дневнополитички поени.

Ова не е храбра критика. Ова е опасна реторика.

Кога се тврди дека Македонија има „карактеристики како режимите во Иран и Венецуела“, логично е да се постави прашањето: кому му служи ваквата изјава? Дали на граѓаните? Дали на институциите? Или на потребата да се создаде драматичен наратив што ќе ја засени реалната политичка дебата?

Ако навистина постојат елементи на авторитаризам, тогаш одговорноста мора да се бара и во периодот кога СДС беше на власт. Седум години со полн мандат и речиси девет со техничката влада не се краток историски инцидент, туку сериозен временски период во кој се поставуваат темели, се градат институции и се дефинира политичката култура.

Доколку денес системот наликува на нешто што се нарекува „режим“, тогаш не може да се игнорира фактот дека истите политички структури, предводени од Зоран Заев со активно учество на Филипче, управуваа со клучните државни механизми.

Не може да се биде дел од власта речиси една деценија, а потоа да се однесуваш како случаен набљудувач на последиците.

Во економијата, Филипче беше дел од владин тим. Денес, кога се зборува за слабости, стагнација или колапс, сосема легитимно е да се праша: каде беше тогаш визијата? Каде беа системските решенија? Политичката одговорност не застарува со промена на фотелјата.

Во доменот на владеењето на правото, токму во времето на таа власт функционираше Специјално јавно обвинителство, најавувано како столб на правдата, а заврши во скандали што ја разнишаа довербата во институциите. Тоа искуство покажа колку е тенка линијата меѓу правда и политичка инструментализација. Денес, истите актери зборуваат за „режим“.

Оттука произлегува суштинската дилема: дали секоја антикорупциска постапка и секоја истрага автоматски значат авторитаризам?

Во демократски систем постојат избори, институционална контрола и механизми за смена на власта. Изедначувањето со држави што со децении функционираат во сосема поинакви политички услови ја релативизира самата тежина на поимот „режим“ и ја девалвира реалната критика таму каде што навистина е потребна.

Дополнително, не може да се игнорира тајмингот.

Во јавноста се споменуваат можни институционални процеси поврзани со поранешниот вицепремиер Артан Груби. Без да се носат однапред пресуди, легитимно е да се праша дали ваквата радикализација на говорот е обид за дефокусирање на вниманието и креирање нова тема што ќе ја покрие непријатната реалност.

Критиката кон власта е неопходна, таа е темел на демократијата, но кога критиката се претвора во етикетирање на сопствената држава како „режим“, без јасни и мерливи аргументи, тогаш станува збор за политичка хипербола со потенцијално штетни последици.

Политичарите имаат право да напаѓаат политики. Немаат право да ја дискредитираат државата за да освојат аплауз во партиска сала.

Клучното прашање не е дали Македонија личи на Иран или Венецуела. Клучното прашање е зошто некој сака таа да изгледа така во очите на светот. Дали тоа е стратегија за реформа, или стратегија за политички опстанок?

Јавноста заслужува аргументи, факти и одговорност. Не заслужува сензационализам што ја слабее позицијата на сопствената држава. И ако некој има корист од ваквите споредби, едно е сигурно, тоа не е Македонија.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top