На прво место

Линеарното зголемување на пензиите останува

dca86957-0f54-416e-80fb-ae1aa3e86aa0 copy copy

dca86957-0f54-416e-80fb-ae1aa3e86aa0 copy copy

Уставниот суд ја запре постапката за оцена на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што линеарното зголемување на пензиите останува во правниот поредок.

Со оваа одлука се отстранува сомнежот за евентуална неуставност и се става крај на правната неизвесност што со месеци висеше над моделот на линеарно усогласување.

Овој модел беше воведен како привремено решение, наместо редовниот процентуален механизам за усогласување на пензиите, со цел побрзо и поедноставно да се обезбеди зголемување на примањата на пензионерите. Одлуката на Уставниот суд практично значи дека мерката останува на сила и ќе продолжи да се применува.

Согласно тоа, сите пензионери ќе ја добијат мартовската пензија зголемена за 1.000 денари, без разлика на висината на пензијата. Сепак, процентуалниот ефект од зголемувањето е различен, во зависност од износот на пензијата.

Кај минималните пензии до 19.228 денари, зголемувањето од 1.000 денари претставува раст од приближно 10,4 проценти. За пензиите околу просечната вредност, до 28.500 денари, покачувањето изнесува околу 4,3 проценти. Кај повисоките пензии, ефектот е помал – околу 2,7 проценти, додека за пензиите од 45.277 до 63.517 денари растот е околу 1,8 проценти. За највисоките пензии, над 63.517 денари, зголемувањето се движи околу 1,57 проценти.

Со оваа одлука, институционално се потврдува дека линеарниот модел на зголемување може да се применува како инструмент за поддршка на пензионерите, особено на оние со најниски примања, бидејќи кај нив ефектот од ваквиот тип зголемување е најизразен.

Истовремено, одлуката на судот ја стабилизира правната рамка и ја отстранува неизвесноста околу исплатата на зголемените пензии, што за пензионерите значи сигурност дека најавеното покачување ќе се реализира.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top