На прво место

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ОПФАТЕН ВО ЈАЗИЧНАТА ПЛАТФОРМА ВО АВСТРАЛИЈА

2341

2341

Language Trainers е јазична платформа во Мелбурн, која ja започна својата мисија во 2004 година со цел да им помогне на учениците од целиот свет да учат јазици.

Се нудат часови за над сто јазици меѓу кои од неодамна се вбројува и македонскиот. Имено,  Language Trainers доби побарувања за изучување на македонскиот јазик па и понуди позиција на Гордана Димовска од Мелбурн.

Гордана со задоволство ја прифати оваа позиција и гледа голема иднина во оваа платформа, можност за сите возрасни Македонци и луѓе од други националности да го учат македонскиот јазик во време кога тие сакаат. Засега се пријавени возрасни од Канада и сојузните држави на Австралија.

Токму оваа платформа нуди можност на луѓе кои не можеле или не сакале да го научат јазикот во детството а им потребал на возрасни години. Најчести причини за барање часови се луѓе од мешани бракови, во кои едниот не е Македонец/Македонка па сака да го учи јазикот на својот сопатник. Друга група на заинтересирани се млади Македонци од Австралија измеѓу 20 -30 години кои немале можност да научат дома од никого или не посетувале јазично училиште. Нивната цел е да го унапредат зборувањето, читањето, пишувањето со цел подобро да комуницираат со свои роднини и пријатели или се спремаат да отпатуваат на подолг престој во Македонија.

Гордана вели: Прекрасно е чувството што ни се отвори оваа нова платформа преку која ќе помогнам на сите кои сакаат да учат македонски. Токму преку јазикот се унапредува комуникацијата меѓу луѓето, се дознава повеќе за македонската историја, јазик и традиција. Ова е уште еден начин да се сочува нашиот убав македонски јазик и пренесе на наредните генерации, но и на луѓе од друго етничко потекло кои сакаат да го знаат македонскиот како уште еден јазик повеќе.

Вработените наставници можат да даваат часови во локалните библиотеки, во домовите или онлајн во погодно време за двете страни. Без разлика кој јазик сакате да го учите, каде и да сте во светот и каков и да е вашиот распоред, Language trainers ви стои на располагање. Лесно прилагодува курс и специјализиран наставник за да ви го направи направи учењето удобно и ефикасно.

Во Language Trainers, знаеме дека учењето нов јазик бара посветеност. Но, исто така, ги разбираме притисоците и предизвиците на современиот свет. Долгите работни часови и семејните и здравствените обврски можат да го отежнат постојаното посетување на јазичен курс.

Затоа наша мисија е да обезбедиме часови по јазик што одговараат на вашите потреби и агенда. Вашиот наставник ќе држи часови каде и како што вас ви одговара, без разлика дали тоа е онлајн или лице в лице на локација по ваш избор.

Часовите можат да бидат приватни, индивидуални сесии или во мали групи, ако тоа е попривлечно. Исто така, нудиме сесии во отворени групи, каде што ќе се сретнете со ученици од различни места во светот додека учествувате во збогатувачка културна размена. А нашите тутори ќе го персонализираат секој час за да ги исполнат вашите цели и амбиции.

Ова многу е значајно за нас Македонците, и настанува како последица од мешаните бракови, недоволно можности да се учи јазикот во детството и немање интерес за јазикот тогаш но кога ќе пораснат младите сакаат да научат повеќе за своето потекло и да зборуваат македонски со своите баби и дедовци.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top