На прво место

„Предавствата на своите синови“, кога зборовите на Гоце Делчев повторно звучат болно вистинито

59923074 1089551757919617 4865351794861015040 n

59923074 1089551757919617 4865351794861015040 n

Оваа реченица на македонскиот револуционер Гоце Делчев не е само историска мисла. Таа е предупредување. Предупредување што Македонија го слушала многупати низ историјата и што, за жал, денес повторно станува болно актуелно.

Во секое време кога државата се наоѓала под притисок, најголемата опасност не доаѓала само однадвор. Таа често доаѓала одвнатре – од оние кои, наместо да ги бранат националните интереси, стануваат нивни најгласни релативизатори.

Денешниот политички настап на СДС, предводен од Венко Филипче, сè почесто остава впечаток дека партијата не се однесува како опозиција која ја брани државата, туку како адвокат на позициите на Софија кога станува збор за македонските национални интереси.

Кога една партија е длабоко потоната во сопствените скандали и криминали од времето на своето владеење, најлесниот начин да се создаде политичка магла е да се наметне приказна дека „сите се лоши – само ние сме добри“. Но токму во тие моменти се активира колективната меморија на народот. Тогаш се слуша гласот на историјата. И тогаш зборовите на Гоце Делчев повторно одекнуваат.

Наместо да гради институции, СДС со години придонесуваше за разградување на довербата во нив. Наместо правна држава, граѓаните добија чувство дека системот функционира селективно.

Под владеењето на Зоран Заев, државата помина низ низа историски и политички потреси:

  • промена на државното име
  • промена на Уставот
  • промена на државното знаме
  • преименување на автопатот и аеродромот
  • серија корупциски скандали
  • афери во здравството
  • скандали поврзани со енергетиката и јагленот за ЕСМ
  • афери како „Адитив“, „Колашинац“,
  • шверц со марихуана,…

Покрај економските и институционалните проблеми, останаа и политичките отстапки без широк општествен консензус кон соседите–Грција и Бугарија.

Особено контроверзно беше прифаќањето на т.н. Францускиот предлог, кој беше усвоен без вистински национален консензус. Така Македонија, наместо да биде рамноправен партнер, почна да изгледа како политички експеримент за туѓи интереси.

Денес СДС, предводен од Филипче, не нуди нова визија. Наместо тоа, се слушаат реторички фантазии и политички флоскули кои не ја допираат реалноста на граѓаните. Филипче не се огради од антимакедонските политики на Заев. Не се извини за штетните одлуки, напротив, делува како продолжеток.

Единствената стратегија што изгледа преостаната е постојано да се критикуваат потезите на ВМРО-ДПМНЕ, дури и кога тие носат конкретни резултати.

Но Македонија не може да си дозволи опозиција што функционира како грамофонска плоча – повторувајќи исти обвиненија без аргументи.

Граѓаните заслужуваат државна политика што прво ги брани македонските интереси, а потоа ги гради односите со соседите, зашто, ако внимателно се следат изјавите на Венко Филипче, лесно може да се добие впечаток дека неговата политичка енергија повеќе е насочена кон тоа да се допадне во Софија или Атина отколку во Скопје.

Државата се брани од надворешни притисоци, но кога нејзините сопствени политички елити почнуваат да се однесуваат како адвокати на туѓи интереси, тогаш штетата станува многу поголема.

Македонија низ вековите губела многу битки, но најтешките порази секогаш доаѓале кога поделбите биле внатрешни. И токму тука се појавува историската паралела. Кога политичарите забораваат кого претставуваат, народот се потсетува на зборовите на Гоце Делчев.

„Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“

Како и Реченицата стара повеќе од еден век, но, за жал, реченица која и денес звучи премногу современо: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди како Македонскиот“.

МН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top