
Последното истражување на МКД.мк и Маркет Вижн, спроведено од 2 до 18 март, испраќа јасна порака: довербата кај граѓаните не е случајна, а поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е видлива и конкретна.
Кога станува збор за поддршка кон партиите:

На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, најголем дел од испитаниците најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски.

Во јавниот простор често доминираат гласни обвинувања и политички препукувања, но анкетите имаат една предност – тие ја мерат реалната перцепција на граѓаните, не реториката на политичарите.
Довербата е резултат на конкретни политики, одлуки и чувство кај граѓаните дека државата се движи во вистинска насока. Кога институциите функционираат и постои јасна визија – поддршката расте.
Најголемиот дел од довербата повторно оди кај ВМРО-ДПМНЕ, а лидерот Христијан Мицкоски останува прв избор кај граѓаните кога станува збор за политичко лидерство. Ова не е изолиран резултат, туку потврда на континуитет кој се гради подолг временски период.
Во ваков амбиент, Христијан Мицкоски не е само лидер на ВМРО-ДПМНЕ, туку станува центар околу кој се групира политичката енергија. Поддршката кон него не е наметната – таа е резултат на довербата на граѓаните кон неговата политика.
Оваа анкета не е бројка.
Ова е предупредување.
Дека трпението има граница.
Дека довербата не се глуми.
Дека народот гледа, памети и казнува.
Вистинското прашање повеќе не е кој води, прашањето е колку длабоко ќе паднат СДС затоа што одбиваат да ја прифатат реалноста и колкава ќе биде цената за тоа игнорирање.
МН