На прво место

СДС и Венко Филипче уживаат историски најниска доверба кај граѓаните

1uv20a

15-vmro 2 copy copy

Послушноста на Филипче кон Заев и неуспешниот ПР наметнат од Башановиќ го доведоа СДС до историски најслаб рејтинг.

Лошиот ПР, небулозните и клеветнички соопштенија, како и прес-конференциите исполнети со навреди и непристоен речник, го доведоа СДС и Венко Филипче до рејтинг од 4,9%, односно 3,6%.

Сепак, Филипче не покажува загриженост за лошиот рејтинг – ниту личниот, ниту партискиот – кој континуирано опаѓа од анкета во анкета. Очигледно е дека целосно потфрлија соопштенијата креирани од новиот партиски ПР тим предводен од Башановиќ, додека Филипче продолжува да живее во паралелна реалност.

Со месеци СДС и Филипче ја манипулираа јавноста тврдејќи дека новите анкети ќе покажат пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и раст на нивниот рејтинг. Овие тврдења постојано се повторуваа преку прес-конференции и јавни настапи.

Последното истражување на јавното мислење уште еднаш ја разобличи оваа невистина. Станува јасно дека СДС, предводен од Филипче, на следните избори ќе се соочи со значително полош резултат од претходните изборни циклуси.

Не би било изненадување доколку СДС освои помалку од 100.000 гласови, што го потврдуваат и резултатите од последната анкета.

Загрижува фактот што раководството на Бихаќка одбива да извлече поука и да направи неопходни промени во политиките и кадровските решенија. Наместо тоа, продолжуваат да се потпираат на ПР структури како Башановиќ и Шчекиќ, кои, по насока на Заев, дополнително ја ослабуваат партијата.

Одговорноста за оваа состојба ја носи Венко Филипче, кој свесно го дозволува падот на СДС, постапувајќи во целосна послушност кон Зоран Заев.

Оваа зависност се гледа и преку новите партиски структури, каде се вклучени лица блиски до Заев, меѓу кои и Стојан Коциров, поранешен директор на компанија поврзана со семејството Заеви.

Сѐ поизвесно е дека СДС ќе продолжи да тоне под ова раководство, кое нема ниту намера да спроведе внатрепартиски реформи, ниту да се дистанцира од политиките на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја ужива највисоката доверба кај граѓаните од 24%, како резултат на посветената работа, реализираните проекти и исполнетите ветувања.

Граѓаните прават јасна разлика, и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ продолжува со силно темпо, нови проекти и политики во интерес на сите граѓани.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top