На прво место

ПЛАТИ ИЛИ ЌЕ ТЕ ГОНИМЕ: Бизнисмен обвинува за рекет тежок 1 милион евра

SJO

SJO

Гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев поднел кривична пријава против поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителите Бурим Рустеми и Лиле Стефанова, обвинувајќи ги за злоупотреба на службената положба и изнуда на поткуп во рамки на истрагата за случајот „Поштенска банка“.

Според наводите во пријавата, настаните датираат од почетокот на 2019 година, во период кога Специјалното јавно обвинителство активно водеше истраги за повеќе високи профилирани случаи. Главчев тврди дека во јануари истата година бил контактиран преку посредникот Бојан Јовановски-Боки 13 кој, како што наведува, му пренел порака дека постои можност постапката против него да биде запрена – но само доколку исполни одредени финансиски услови.

Средбата, според неговото сведочење, се одржала во просториите на тогашната телевизија 1ТВ во Скопје, медиум кој во тој период беше директно поврзан со Јовановски. Таму, како што тврди Главчев, му било пренесено дека треба да исплати вкупно еден милион евра за да се влијае врз исходот на постапката.

Барањето, според него, било структурирано – 30 проценти од сумата, односно околу 300.000 евра, требало да бидат исплатени веднаш, додека остатокот по донесување на одлука за запирање на истрагата. Тој наведува дека ваквиот модел на плаќање му бил претставен како „гаранција“ дека предметот ќе биде затворен во негова корист.

Дополнително, Главчев во пријавата посочува дека пред ова барање за поткуп, од него биле барани и средства за медиумско рекламирање, исто така преку структури поврзани со Јовановски. Станувало збор за износи од 50.000 и 100.000 евра, кои, според неговите тврдења, биле условувани како начин за „одржување на комуникацијата“ и обезбедување поволен третман.

Откако категорично ги одбил сите барања, Главчев тврди дека се соочил со продолжување и интензивирање на постапката против него. Според неговите наводи, предметот не само што не бил запрен, туку се водел со години, што, како што посочува, предизвикало сериозни последици врз неговото работење и углед.

Овој случај, доколку наводите се потврдат, повторно ги отвора прашањата за начинот на функционирање на поранешното Специјалното јавно обвинителство-СЈО и улогата на неформални посредници во правосудните процеси. Воедно, ја враќа во фокус и аферата „Рекет“, во која централна фигура беше токму Бојан Јовановски, а во која веќе беа утврдени злоупотреби поврзани со изнуда на пари од бизнисмени.

Засега нема официјална реакција од посочените лица во пријавата, ниту информации дали надлежните институции отпочнале постапка по наводите на Главчев.

МН

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top