На прво место Култура и туризам

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани.

Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор за средба на домашните автори со книжевни творци од повеќе земји.

„Струшките книжевни средби“ се вбројуваат меѓу познатите книжевни манифестации од меѓународен карактер во Македонија. Во нивните рамки се промовираат списанија и книги, се претставуваат автори и се доделуваат награди за проза, поезија, млад автор, како и признанија за посебни книжевни достигнувања.

Поети од Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово и Македонија ја збогатија програмата на годинашното издание, во чии рамки беше претставен и новиот, 21. број на списанието „Бранувања“, поврзано со Здружението за литература и култура „Бран“ и „Македонската поетска ризница“.

„Ова издание пренесува исклучителни литературни дела, есеи, награди и песни кои сведочат за моќта на пишаниот збор. Манифестацијата, во целина, претставува вистински празник на пишаниот македонски збор, обединувајќи ги генерациите автори кои ја ткаат нашата поезија и литература“, истакна поетот и организатор Димче Шипинкароски.

Посебно место на годинашната манифестација имаше доделувањето на наградата за животно дело во областа на културата, литературата и новинарството „Петковиот аманет“, која му беше врачена на Веле Митаноски.

Признанието му го врачи познатиот вевчански и македонски литерат и новинар Мишо Китаноски.

Веле Митаноски е македонски новинар, политичар, публицист и поранешен пратеник и дописник на агенцијата Танјуг. Роден е во 1949 година во охридското село Црвена Вода.

Промовиран 21. број на „Бранувања“

На „Струшките книжевни средби“ беше промовиран и богато опремениот 21. број на списанието за литература и култура „Бранувања“, во кое се застапени разновидни поетски, литературни и културни прилози од домашни и странски автори.

Изданието има 210 страници и содржи дела од повеќе од педесет автори од Македонија и од регионот. Особена чест за Веле Митаноски претставува тоа што три негови песни се поставени на почетокот на долгата низа од над сто творби објавени во списанието.

Во рамките на манифестацијата беа доделени и годишните и јубилејните признанија:

„Петковиот аманет“ – награда за животно дело во културата, литературата и новинарството: Веле Митаноски;

Награда за животно дело во драматургијата: Ристе Миладин;

Странски автор на годината за особен придонес во културата: Валерио Орлиќ од Хрватска;

Автор на годината на „Македонска поетска ризница“: Ана Бунтеска;

Млади автори на годината на „Македонска поетска ризница“: Магдалена Петровска и Евгенија Пешинска.

Македонскиот поетски збор – препознатлив белег на нашето постоење

Оваа традиционална манифестација, одржана во амбиентот на поетска Струга, уште еднаш покажа дека во поширокото регионално книжевно творештво македонската поезија има богата и препознатлива традиција и претставува значаен уметнички белег на нашето културно постоење.

„Струшките книжевни средби“ се дел од македонската културна меморија, но истовремено и жив простор во кој создаваат и се афирмираат нови генерации автори. Токму затоа ваквите средби имаат особено значење за афирмацијата на македонската поезија и македонските автори, за отворање нови хоризонти пред нашата книжевност и за македонскиот пишан збор да допре до читателите и надвор од границите на Македонија.

Со посета на Охрид завршија „Струшките книжевни средби – 2026“

На 21 септември, на празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, учесниците на „Струшките книжевни средби – 2026“ ја продолжија својата книжевна и културна дружба со посета на Охрид.

Дванаесет истакнати поети од Бугарија, Црна Гора, Србија, Хрватска и Косово, заедно со своите колеги од Македонија, ги посетија значајните споменици на македонската историја и култура во Охрид.

Со посетата на древниот Охрид и запознавањето со неговото богато духовно и културно наследство беше заокружено годинашното издание на „Струшките книжевни средби – 2026“ – манифестација посветена на литературата, пријателството меѓу авторите и афирмацијата на македонскиот пишан збор.

СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место Култура и туризам

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Сотирис Минас – Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Понекогаш силното сведоштво за еден народ доаѓа и од човек кој не му припаѓа по раѓање, но решил да го запознае, да го научи неговиот јазик и без предрасуди да ја побара вистината. Таков е грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – човек кој самиот го научил македонскиот јазик и преку поезијата гради мост меѓу […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен […]

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МОЈАТА ЗЕМЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА,… СИЛНА ПОРАКА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Јас сум Македонец. Мојата земја се вика Македонија. Мојата Црква се вика Македонска православна црква. Мојата нација е македонска нација. Овие силни зборови, изговорени од Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар на Алфа телевизија, нека одекнат во секој македонски дом – во Република Македонија, Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа и Гора, но и далеку од […]

Најнови вести

To top