На прво место

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши.

Петрушевски оцени дека СДС, како опозициска партија, е „неинвентивна и без кредибилитет“ и дека во изминатиот период пласирала повеќе тврдења за владејачката партија кои, според него, времето ги демантирало.

„Подолг временски период, ние во принцип имаме една опозиција во СДС којашто е тотално неинвентивна, без никаков кредибилитет, со никакви идеи и предлози со кои би се легитимирале пред гласачкото тело.

Што прават тие?

Тие измислуваат одредени, условно кажано, афери коишто потоа низ медиумите ги шират, држат секој ден прес-конференции. Говореа дека требало да има и мигранти коишто не биле прифатени во Британија, па ќе биле депортирани во Македонија, па требаше во пролетта да има избори итн. Ги наведувам сите оние лаги коишто времето ги демантираше, а нормално и ние како претставници на власта“, изјави Петрушевски.

Тој додаде дека една од темите што СДС ја отворала во јавноста била поврзана со наводното поседување бугарски пасоши од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Една од таквите теми коишто избра СДС да ја замајува јавноста беше и дека ВМРО-ДПМНЕ, односно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, сите имале бугарски пасоши и затоа не им било важно, условно кажано, членството во ЕУ и ги блокирале уставните измени.

Држеа прес-конференции, банални, смешни и секој кој барем малку нè познава знае дека е апсолутна невистина“, рече Петрушевски.

Според него, токму поради овие тврдења биле поднесени измените на Законот за пратениците.

„За да го демантираме сето тоа пред целокупната јавност, ние поднесовме измени на Законот за пратениците со коишто се забранува пратеник да има двојно државјанство. Таков принцип на функционирање има веќе во некои законски решенија. Сме имале ваква пракса и порано, во којашто мора да имаш само исклучиво македонско државјанство за да стапиш на одредена функција. Истото го предложивме сè со цел да ги демантираме лагите и невистините коишто ги лиферуваа од страна на СДС“, истакна Петрушевски.

Најново од: На прво место

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Сотирис Минас – Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Понекогаш силното сведоштво за еден народ доаѓа и од човек кој не му припаѓа по раѓање, но решил да го запознае, да го научи неговиот јазик и без предрасуди да ја побара вистината. Таков е грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – човек кој самиот го научил македонскиот јазик и преку поезијата гради мост меѓу […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен […]

Најнови вести

To top