Водата ќе се дели на 12 пунктови во Гостивар и околните населени места, а акцијата е организирана поради забраната за користење на водата од водоводот за пиење
Поради актуелниот проблем со питката вода и забраната за нејзино користење за пиење, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода за граѓаните.
Водата ќе им биде ставена на располагање на сите граѓани на кои им е потребна, преку пунктови поставени во Гостивар и во неколку околни населени места.
Локации и термини за подигнување вода:
- Центар – Градски плоштад: 14:00 часот
- Мара Угринова – Жито маркет: 14:00 часот
- Питарница – кај трансформаторот: 16:30 часот
- Кеј Вардар – Малиот мост кај Монтенегро: 16:00 часот
- Циглана – Пункт Циглана: 14:00 часот
- Малеарди – Старо Кам маркет: 14:00 часот
- Џамиџит Маало – кај кошот: 15:00 часот
- Дутлок – карши Судот: 18:00 часот
- Вруток – центар, кај џамијата: 16:30 часот
- Здуње – сред село: 16:30 часот
- Дебреше – на центар: 18:30 часот
- Балиндол: 18:00 часот
Од Општинскиот комитет ги повикуваат сите граѓани на кои им е потребна вода слободно да ги посетат пунктовите и да подигнат од обезбедените количини.
„Ова е предизвик што ги засега сите нас. Токму затоа, во вакви моменти најважни се солидарноста, меѓусебната поддршка и конкретната помош. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар останува покрај граѓаните и ќе продолжи да презема активности секогаш кога тоа е најпотребно“, соопштија од партијата.
Од комитетот упатија и посебна благодарност до „Кожувчанка“ за покажаната општествена одговорност и поддршката во реализацијата на акцијата.