На прво место

СДС шири паника за инфлацијата, економските мерки даваат резултати

СДС манипулира со инфлацијата, економските политики на Владата даваат резултати

СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека токму СДС ја довела државата до економски колапс, рекордна инфлација и сериозно нарушен животен стандард на граѓаните.

„Кога СДС зборува за инфлација, треба да се потсетат дека во нивно време инфлацијата достигна двоцифрени нивоа, а граѓаните плаќаа најскапа храна и струја во историјата. Граѓаните живееја со по 150 денари на ден“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, денес инфлацијата постепено се стабилизира и покрај глобалната економска криза, енергетските шокови и последиците од војната во Европа, со кои се соочуваат сите држави.

„Факт е дека инфлацијата во април, споредено со март, изнесува 1,3 проценти, што покажува стабилизирање на цените и постепено смирување на инфлаторните притисоци. Она што СДС намерно го премолчува е дека годишната стапка од 5,7 проценти е резултат и на споредбената основа, бидејќи минатата година во овој период беа активни мерките за велигденската кошничка, кои привремено ги намалија цените на одредени производи“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Владата навремено презема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и додаваат дека тие мерки биле позитивно оценети и од ММФ, како одговорни политики насочени кон стабилизација на економијата.

Во соопштението се наведува и дека Владата ги намалила акцизите на горивата, при што бензинот е поевтин за 2 денари, а дизелот за 4 денари, со што директно се намалува притисокот врз трошоците на граѓаните и компаниите.

„За разлика од СДС, кои оставаа кризи без решенија и ја туркаа државата во долгови без ефект, ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно, домаќински и со конкретни политики за економска стабилност и поддршка на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

Кога Македонија стои исправено, светот ја препознава и ја уважува

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора. И […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

35 години независност – државата сме ние!

Пишува: Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен Центар Годинава на 8 Септември  одбележуваме голем и значаен јубилеј- 35 години од независноста на Македонија! По тој повод сакам лично да Ви се обратам не само со желба да Ви го честитам празникот, туку пред се со повик до сите за –Чекор Напред! Да, чекор напред во оваа наша […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

To top