На прво место

Благодарници за ЕЗРМ и ФХЕМ за донацијата на Светиот крст од Ерусалим

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) и Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) добија благодарници за донацијата на Светиот крст од Ерусалим за црквата „Света Огнена Марина“ во Зубовце.

Светиот крст е донесен од Ерусалим и осветен на Каменот на Помазанието во храмот на Светиот Гроб – едно од најсветите места во христијанството. Со свеченото предавање, тој беше подарен на црквата и доверен на нејзино трајно чување, како духовно богатство и благослов за сегашните и идните поколенија.

Патот на Светиот крст носи и силна историска порака. Од Светиот Гроб во Ерусалим до Скопје го донесоа потомците на Рафаел Камхи евреин од Битола – македонски револуционер и илинденец, близок соработник на Гоце Делчев и Даме Груев, кој со своето дело останал трајно запишан во македонската историја. На тој начин, патувањето на крстот ги поврзува христијанската вера, македонското револуционерно наследство и долгогодишното заедништво меѓу Македонците и Евреите.

Светиот крст беше пречекан од голем број верници, жители на Зубовце, гости од соседните села и пријатели од цела Македонија. На возвишениот духовен настан присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како и бројни свештенослужители.

Ова не е прва поддршка од ЕЗРМ и ФХЕМ за Зубовце. Во една од претходните иницијативи, тие беа меѓу донаторите на значителни средства наменети за доизградба на детско игралиште, уредување на црковниот двор и изградба на летниковци во дворот на црквата „Света Огнена Марина“.

При посетата на нивните претставници на Зубовце, во знак на пријателство беа засадени две јапонски цреши, два чемпреса и два кедра. Дрвјата и денес го красат црковниот двор, останувајќи жив симбол на пријателството, солидарноста и заемната почит меѓу заедниците.

Донацијата на Светиот крст претставува продолжение и своевидно крунисување на оваа долгогодишна соработка. Од детското игралиште, уредениот двор, летниковците и засадените дрвја, па сè до оваа голема христијанска светиња, ЕЗРМ и ФХЕМ оставаат трајни материјални и духовни белези во Зубовце.

Доделените благодарници се израз на длабока признание за нивниот благороден гест и несебичната поддршка. Донацијата истовремено претставува силен пример за меѓурелигиски дијалог и покажува дека верата, човечноста и заемната почит можат да ги поврзат луѓето и да создадат трајни пријателства.

Светиот крст отсега ќе биде нераскинлив дел од духовниот живот на црквата „Света Огнена Марина“ и траен симбол на верата, заедништвото и пријателството.

Овој чин ќе остане запишан во историјата на Зубовце како сведоштво дека добрината, дарувањето и љубовта кон ближниот се посилни од сите разлики.

Најново од: На прво место

Премиерот во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик

Премиерот во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик Млади Македонци од дијаспората ќе го изучуваат мајчиниот јазик и ќе се запознаваат со македонската култура, историја и традиција Премиерот на Владата на Република Македонија во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик, на која учествуваат деца на македонски иселеници […]

55. Семакедонска средба во Трново – традиција што ги обединува Македонците од сите делови на Македонија

Семакедонската средба во потпелистерското село Трново, Битолско, е традиционален илинденски собир на Македонците од татковината и од иселеништвото. Средбата со децении претставува место на заедништво, негување на македонскиот национален идентитет и зачувување на историското и културното наследство. Годинава, на 2 август 2026 година, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе се одржат 55. […]

Илинденците и асномците се бореа со оружје – денес борбата е за економски силна Македонија

Илинденците и асномците се бореа со оружје во рацете, свесни дека слободата можат да ја платат со сопствените животи. Благодарение на нивната храброст и саможртва, денес, иако само на еден дел од Македонија, имаме сопствена држава, свој македонски јазик и можност слободно да го славиме македонското име. Нивниот аманет не е само да се поклонуваме […]

Илинден – најголемиот празник кај македонското иселеништво во светтот

Илинден – вечниот македонски факел на слободата и државноста Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година се двата најголеми историски столба на македонската борба за национално ослободување и сопствена држава Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година се два од најголемите историски настани […]

Светиот крст од Ерусалим свечено пристигна во црквата „Света Огнена Марина“ во Зубовце.

Претставници на Еврејската заедница и на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија – го предадоа Светиот крст во храмот „Света Огнена Марина“. Светиот Крст беше пречекан од голем број верници, жители на Зубовце, гости од соседните села и пријатели од цела Македонија. Зубовце денес живее во знакот на верата, традицијата и македонското заедништво. На […]

Денес да ја прославиме Марена во Зубовце и да го пречекаме Светиот Крст од Ерусалим!

Денес, со почеток во 9 часот, Зубовце ќе живее во знакот на верата, традицијата и македонското заедништво. По повод селската слава Марена, во црквата „Света Огнена Марина“ свечено ќе биде пречекан Светиот Крст од Ерусалим. На овој свет ден и на возвишениот духовен чин ќе присуствуваат Неговото Блаженство, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска […]

Македонски историски календар: 30 јули

1903 – Во Биринската Планина бил довршен планот за ослободување на Крушево На 30 јули 1903 година, само три дена пред почетокот на Илинденското востание, Крушевскиот востанички штаб одржал состанок во Биринската Планина. Присуствувале Никола Карев, Питу Гули, Иван Наумов–Алабакот, Тома Никлев, Андреја Димов–Докурчев и Тодор Христов. На состанокот бил довршен планот за преземање на […]

Мицевски: Речиси 400 испитувања покажале неисправна вода во времето кога Филипче бил министер

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека јавноста не била информирана за резултатите и побара Јавното обвинителство веднаш да го испита случајот Речиси 400 испитувања на водата, направени во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, покажале дека таа била неисправна, но тогашната власт не ги информирала граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Никола […]

To top