Тема: еврејска заедница

Постоењето на Евреите во Македонија за време на Александар Македонски (328-356 пр.н.е.)

Евреите во Монастир – траги низ вековната историја на Битола Историјата на еврејското присуство во Македонија е длабоко поврзана со развојот на нејзините градови, трговските патишта и големите историски пресврти. Особено значајно место во таа историја има Монастир – денешна Битола, град во кој со векови живеела една од најстарите и најзначајните еврејски заедници на […]

Д-р Хаим Абраванел – лекарот што го посвети животот на човечноста

Еврејскиот лекар, интернист и кардиолог д-р Хаим Абраванел остави длабока трага во македонското здравство. Го преживеа холокаустот, загуби голем дел од семејството во Треблинка, а подоцна и своите деца во катастрофалниот земјотрес во Скопје. Д-р Хаим Абраванел е роден на 25 декември 1896 година во Пирот, тогаш во Кралството Србија, во многучлено семејство со 11 […]

Благодарници за ЕЗРМ и ФХЕМ за донацијата на Светиот крст од Ерусалим

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) и Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) добија благодарници за донацијата на Светиот крст од Ерусалим за црквата „Света Огнена Марина“ во Зубовце. Светиот крст е донесен од Ерусалим и осветен на Каменот на Помазанието во храмот на Светиот Гроб – едно од најсветите места во христијанството. […]

Од Светиот Гроб во Ерусалим до Зубовце: благословениот крст пристигнува во храмот „Света Огнена Марина“

Од Светиот Гроб во Ерусалим до Зубовце: благословениот крст пристигнува во храмот „Света Огнена Марина“ Зубовце ги повикува верниците на свечениот пречек на крстот благословен во Ерусалим На празникот Марена, на 30 јули 2026 лето Господово, во храмот „Света Огнена Марина“ во Зубовце ќе пристигне крст благословен во Црквата на Светиот Гроб на Исус Христос […]

Документ од 1946 година сведочи за антисемитските мерки во Бугарија

Изложението на Централната конзисторија на Евреите во Бугарија е важен историски извор за положбата на еврејската заедница за време на фашистичкиот режим и по 9 септември 1944 година. Документот објавен во Софија во 1946 година, под наслов „Положението на бугарските Евреи за време на фашистичкиот режим и по 9 септември 1944 година“, претставува изложение на […]

Обид за палење на синагога во Македонија

Еврејската заедница во Македонија информира дека на 12 април, за првпат во поновата историја, бил извршен обид за опожарување на објектот на заедницата и синагогата. Во соопштението до медиумите, потпишано од претседателот на заедницата, Пепо Леви, се нагласува дека овој чин претставува сериозен напад, не само врз верски објект, туку и врз темелните вредности на […]

To top