На прво место

Нема да дозволиме омразата и песимизмот да станат национална идеологија

Во историјата на секоја држава и на секој народ, секоја генерација има свои предизвици и борби. Така е и со Македонците и со македонската држава.

Претходните генерации се бореа за слободна и самостојна држава. Борбата започна со славното Илинденско востание во 1903 година и Крушевската Република, а продолжи со Вториот Илинден и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

Новата генерација политичари има поинаква, но не помалку тешка обврска и задача – да ја зачува Македонија силна, да ја направи економски просперитетна и праведна и повторно да ја претвори во земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се остане, да се работи, да се создава, да се основа семејство и да се гради иднината дома, во сопствената татковина.

И оваа битка е подеднакво тешка, бидејќи не се води само надвор, туку и дома. Во државата постојат политички структури кои, за да дојдат на власт, се подготвени да распродадат сè што останало од националните обележја, односно она што нивните претходници не успеале да го распродадат.

Додека чекаат некој да ги донесе на власт во замена за нови предавства, наместо да се натпреваруваат со идеи, концепти и предлози, тие создаваат хистерија, шират лаги, омраза и дефетизам. Тврдат дека државата нема да успее и дека единствениот излез за младите генерации е билет во еден правец.

Им порачуваме дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се откаже од борбата Македонија да стане подобро место за живеење, заеднички дом за сите и држава со иднина. Народот нема повторно да биде разочаран, ниту, по која било цена, ќе бидат прифатени отстапки од националните и идентитетските прашања на евроинтегративниот пат.

Ги повикуваме граѓаните да не паѓаат во замката што ја создаваат оние кои сакаат да дојдат на власт преку предавства, наместо со победа на избори и натпревар на добри идеи и програми. Ним не може да им се верува, бидејќи на секој успех на државата гледаат со цинизам и омраза.

Обврска на сите нас е заеднички да го вратиме достоинството на чесниот и родољубив човек, да ја обновиме вербата во институциите, да ја зачуваме душата на Македонија и надежта повторно да ја направиме најсилна движечка сила на нашето општество.

Денес не се води само економска борба за повеќе инвестиции и подобри услови за живот. Се води и борба против домашните предавници и злонамерници, како и против отровот што го шират истите луѓе кои секој викенд се на јахти, договараат и се нудат за нови отстапки. Заедно со напатениот народ ќе ги спречиме во нивните намери.

Битката за иднината на младите е одлучувачка. Затоа ќе се избориме да изградиме држава во која законите ќе важат еднакво за сите, во која одлучно ќе се води борба против криминалот и во која трудот ќе се цени, а младите нема да бидат принудени да заминуваат.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи омразата и песимизмот да станат национална идеологија. Заедно со народот ќе останеме исправени, обединети и достоинствени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

Демографијата е нашата нова борба за Македонија

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИЛОШОСКИ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА Денес стоиме на Мечкин Камен. Ова не е обичен споменик, ниту случајна планинска корија. Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци знаеле сè за […]

Македонски историски календар: 3 август – слободно Крушево, Крушевската Република и борбата за македонска државност

На 3 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е нераскинливо поврзан со ослободувањето на Крушево, воспоставувањето на Крушевската Република, херојските борби на илинденските востаници и завршувањето на Првото заседание на АСНОМ. 1903 – Ослободено е Крушево Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1903 година, околу 750 востаници, организирани во […]

Честит Илинден до сите Македонци каде и да се!

Редакцијата на „Македонска нација“ – mn.mk им го честита големиот национален празник Илинден на сите Македонци во Република Македонија, во Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа, како и на македонското иселеништво ширум светот. Илинден е симбол на македонската борба, слобода и државност. Тој е вечниот пламен што ги поврзува илинденците од 1903 година со […]

Илинденското востание – македонската епопеја за слобода и сопствена држава

На 2 август 1903 година македонскиот народ се крена против османлиското ропство и пред светот ја покажа својата решеност да живее слободно во сопствена држава Илинденското востание од 1903 година претставува еден од најсветлите и најзначајните настани во поновата историја на Македонија. Тоа не било ненадеен и изолиран бунт, туку врв на долгогодишната организирана борба […]

Крушевскиот манифест – повик за слобода, братство и заедничка борба против тиранијата

Крушевскиот манифест е еден од најзначајните документи на Илинденското востание и Крушевската Република. Испратен од Штабот на крушевските востаници до муслиманското население во околината, тој претставува повик за заедничка борба против тиранијата, насилството и ропството, без разлика на верата и народноста. Крушевскиот манифест Браќа земљаци и мили комшии! Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници […]

Повик за востанието

Илинденското востание било општонародно востание на македонскиот народ против османлиската власт и кулминација на долгогодишната борба за слобода и автономија на Македонија. Конгресот на Македонската револуционерна организација, одржан во Солун, донел одлука напролет да се крене оружено востание, при што неговото започнување и водење им биле препуштени на окружните комитети. Конгресот на Битолскиот револуционерен округ, […]

Ламбе Арнаудов: Јас и мојата река Илинден – заедно до устието!

Само водата и каузата секогаш го наоѓаат својот пат Јуни 1962 година. Последните денови пред летниот распуст, а истовремено и последниот час по географија – време за сведување на оценките. На мое големо изненадување, учителката ме крена мене и ми постави прашање со кое, како што рече, требаше да ги расчисти дилемите околу мојата конечна […]

Македонски историски календар: 2 август – двата Илиндена и вековниот македонски копнеж за слобода

На 2 август се одбележуваат годишнините од двата најголеми настани во поновата македонска историја – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година. Двата Илиндена ја отсликуваат вековната борба на македонскиот народ за слобода, самостојност и сопствена држава. На 2 август 1903 година, на празникот Свети Илија – Илинден, започнало […]

To top