На прво место

МНР: Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрли како невистинити тврдењата на СДС за постоење таен договор или тајни преговори, нагласувајќи дека Владата останува доследна на утврдените државни позиции и нема да прифати отстапки од македонските национални интереси, идентитетот, јазикот и историјата.

„Денешната прес-конференција на СДС е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДС повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста“, се наведува во реакцијата на МНР.

Од Министерството посочуваат дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, европските институции, Бугарија и со другите меѓународни партнери.

„Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно потврдена. Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада“, велат од МНР.

Според Министерството, токму во начинот на водење на надворешната политика се наоѓа суштинската разлика меѓу актуелната Влада и претходната власт.

„Во минатото, договори и компромиси се прифаќаа далеку од очите на јавноста и на штета на националните позиции. Денес надворешната политика се води одговорно, принципиелно и во согласност со националните интереси и волјата на граѓаните. Транспарентноста и доследната заштита на националните интереси се клучната разлика меѓу оваа и претходната власт“, се истакнува во реакцијата.

Од МНР оценуваат дека со ваквите настапи СДС се обидува да им се додвори на одредени политички кругови во соседството, наместо да ги брани интересите на сопствената држава и народ.

„Наспроти нивниот неодговорен пристап, Владата и Министерството постапуваат принципиелно и сите одлуки ги носат транспарентно, пред очите на јавноста и во согласност со јасно утврдените државни позиции“, се наведува во реакцијата на Министерството.

 

Најново од: На прво место

Потпишани договорите за железницата Крива Паланка – Деве Баир: Коридорот 8 е врвен приоритет

Со потпишувањето на договорот за инвестициски грант од Европската Унија и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, почнува третата фаза од финансирањето на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, која е дел од Коридорот 8. На потпишувањето во Владата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер […]

Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија

Политиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ носат видливи резултати и во енергетиката. За само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој. По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран […]

Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар

Граѓаните на општина Гостивар со години, додека на власт беше предавничката СДС, пиеја небезбедна вода. И додека гостиварчани се труеја со загадена вода за пиење, талогот на СДС, кој денес глуми загриженост, само за да ќари некој беден политички поен, со години молчеа. Иако тогаш направените анализи, во повеќе наврати во гостиварскиот водовод, утврдија небезбедна […]

Македонски историски календар: 6 август

На 6 август во македонската историја се запишани настани поврзани со борбата за национално ослободување, идејата за самостојна Македонија и создавањето на институциите на современата македонска држава. 1875 – Роден е Григорие Хаџи Ташковиќ На 6 август 1875 година во Воден е роден Григорие Хаџи Ташковиќ – македонски револуционер, публицист, книжевник и еден од предводниците […]

Македонски фолклорен фестивал „Преспа“ ќе ги обедини Македонците од целиот свет во Пустец

На 20 август 2026 година, со почеток во 18:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ќе се одржи Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ – културна манифестација што ќе ги собере Македонците од Македонија, Албанија и дијаспората во чест на македонската традиција, песна и оро. Фестивалот ќе биде можност за промоција на богатото македонско културно наследство […]

Манасиевски: Сè што говори талогот од СДС е спротивно на вистината

Талогот од СДС со ниту еден пакет вода не им помогна на гостиварчани, а сега безобразно лаже додека Владата обезбедува бесплатна вода за жителите на Гостивар, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Колку злоба и неискреност има во СДС, кога дрско се обидува да прикаже дека постојат некакви бизнис-интереси со водата што Владата бесплатно им ја дели […]

Гостиварци ќе се изначекаа за вода доколку се постапуваше како што предлага СДС

Во момент кога водата од чешмите е небезбедна, неопходна е брза реакција. Истовремено, сите детали за набавката треба да бидат јавно објавени за да нема простор за политички манипулации. СДС има право да бара отчетност, но останува прашањето дали во ваква вонредна ситуација навистина очекувала граѓаните да чекаат да заврши тендерската постапка додека се соочуваат […]

Македонски историски календар: 5 август

На 5 август низ македонската историја се забележани значајни настани од револуционерната борба, државноста, книжевноста и културата. 1898 – Уапсени Кирил Прличев и Христо Узунов Во Охрид биле уапсени македонските револуционери Кирил Прличев и Христо Узунов поради нивната дејност во Македонската револуционерна организација. Прличев, син на големиот преродбеник Григор Прличев, подоцна станал истакнат деец и […]

To top