На прво место

„Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Македонска Нација

На 22 и 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија (ФХЕМ) во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејска Македонија.

Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, Македонец кој живее и твори во Полска.

Преку фотографии, уметнички дела, сведоштва и човечки судбини, настанот ќе потсети на едно од најболните поглавја во поновата македонска историја.

Пред повеќе од седум децении, во виорот на воените судири и човечкото страдање, илјадници македонски деца биле одделени од своите родители, домови и од сопственото детство. Заминале без да знаат каде ги водат, дали повторно ќе ги видат мајките и татковците и дали некогаш ќе зачекорат по патеките на своето родно место.

Нивни нови домови станале далечни и непознати земји – Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија и други држави. Таму пораснале, создале семејства и изградиле нов живот. Но никогаш не ги заборавиле своите македонски корени: мирисот на родната земја, песните од детството, мајчиниот глас, името на своето село и детскиот џагор што засекогаш останал по ливадите и селските дворови.

„Патување кон корените“ нема да биде само изложба и проекција на документарен филм, туку и патување низ заедничката меморија – човечка приказна за разделбата и страдањето, но и за надежта, љубовта што никогаш не згаснала и духовното враќање кон корените.

Манифестацијата ќе ги оживее нивните спомени, не за да останеме заробени во минатото, туку за да ја сочуваме вистината и да им ја пренесеме на идните поколенија.

Манифестацијата „Патување кон корените“, посветена на децата прогонети од Егејска Македонија, ќе биде претставена на 22 и 23 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје.

На 24 септември ќе биде претставена во Охрид.

Манифестацијата е планирано претставување и во други градови во Република Македонија.

22 и 23 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Скопје.

Најново од: На прво место

Попов: На талогот од СДС му пречи што Македонија се гради и напредува – заврши времето на националните отстапки

Сергеј Попов На политичките структури на СДС им пречи што Македонија повторно се гради, напредува и достоинствено ја одбележува својата независност. „Зошто талог? Затоа што не се радуваат на независноста на државата. Не се радуваат што, по долги години, Македонија повторно вложува сериозен напор својата независност да ја одбележи достоинствено и гордо. Не им се […]

Мицевски: Талогот на СДС се води според чудна политичка матрица во која туѓиот успех мора да се намали – остануваме посветени на изградбата на Македонија и на резултати во интерес на граѓаните

Не е проблемот во тоа што Македонија се радува. Проблемот е во тоа што некои не можат да се помират со тоа. Постои една чудна политичка матрица според која туѓиот успех мора да се омаловажи, секоја позитивна промена да се релативизира, а секоја радост на народот да се претвори во политички проблем. Кога ќе се […]

Дата-центрите се инфраструктура на новото време – Македонија не смее да остане на дигиталната периферија

Светската економија влегува во период во кој податоците, компјутерската моќ и вештачката интелигенција стануваат инфраструктура речиси подеднакво важна како патиштата, електроенергетските мрежи и телекомуникациите. Во средиштето на оваа трансформација се дата-центрите. Тие веќе не се само големи објекти исполнети со компјутерски сервери. Современите дата-центри се основата врз која функционираат банкарските и платежните системи, електронската трговија, […]

Македонски историски календар – 12 август

Дванаесетти август зазема исклучително место во македонската историја. На овој ден се поврзуваат борбата за автономна Македонија од XIX век, херојската одбрана на Крушевската Република, ослободувањето на Невеска во Егејскиот дел на Македонија, како и повеќе значајни настани од поновата македонска национална, црковна и културна историја. 12 август 1880 – барањето за автономија на Македонија […]

Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски – талог каков што тешко ќе се повтори

СДС и неговото актуелно раководство продолжуваат да шират лаги и да создаваат хистерија во јавноста. Денеска тоа на прес-конференција го правеше Андреј Жерновски, човек кој на јавноста ѝ е познат по менувањето партии и по својата неуспешна политичка кариера. Всушност, токму такви се ликовите од актуелното раководство на СДС, кои претставуваат вистински политички талог во […]

Андоновски: Филипче и Рената Младеновска веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар

Венко Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да одговорат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар. Токму оние што со години имаа политичка и институционална моќ, денес најгласно се обидуваат да ја префрлат одговорноста врз друг. Наместо да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по повеќе од 400 извештаи што укажувале на […]

Македонски историски календар – 11 август

На 11 август се навраќаме на повеќе значајни настани и личности од македонската историја. Овој датум нè води од борбата за автономна Македонија во XIX век, преку Илинденското востание и трагичната судбина на македонските револуционери, до усвојувањето на државните симболи на независна Република Македонија. Историското паметење не ги познава границите наметнати врз Македонија. Затоа календарот […]

Оправдани се барањата на струмичките земјоделци откупната цена на ајварката да биде над 50 денари

Ова прашање не смее да се претвори само во уште една партиска прес-конференција. Ако СДС навистина сака да им помогне на струмичките производители, тогаш треба јавно да ги повика и големите преработувачи и откупувачи од регионот да кажат по која цена откупуваат и како ја формираат таа цена. Меѓу познатите компании во овој сектор е […]

Најнови вести

To top