Венко Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да одговорат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар.
Токму оние што со години имаа политичка и институционална моќ, денес најгласно се обидуваат да ја префрлат одговорноста врз друг.
Наместо да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по повеќе од 400 извештаи што укажувале на загадување на водата.
Гостиварци мора да ја дознаат вистината: зошто со години биле изложени на загадена вода и зошто СДС и Филипче не презеле никакви мерки?
За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенираше и обезбеди техничка и флаширана вода за пиење за граѓаните. Но, паралелно со решавањето на актуелната состојба, мора да се утврди и одговорноста за она што се случувало во минатото.
Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да ја испита документацијата што ја споделивме со јавноста.