СДС и неговото актуелно раководство продолжуваат да шират лаги и да создаваат хистерија во јавноста.
Денеска тоа на прес-конференција го правеше Андреј Жерновски, човек кој на јавноста ѝ е познат по менувањето партии и по својата неуспешна политичка кариера.
Всушност, токму такви се ликовите од актуелното раководство на СДС, кои претставуваат вистински политички талог во Македонија. Ним сè им пречи: им пречи Македонија, им пречат резултатите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и напредокот што граѓаните го чувствуваат во секојдневниот живот.
Им пречи подобрувањето на животниот стандард, им пречи тоа што Владата достоинствено се грижи за македонскиот идентитет, а им пречи и што, како никогаш досега, се подготвува достоинствено одбележување на 35-годишнината од независноста на Македонија.
Во оваа пригода, да му објасниме нешто на Жерновски: ако Зоран Заев и Венко Филипче се главните кодоши и предавници, тогаш нивниот најдобар Коте од Руља е токму тој – Андреј Жерновски.
Граѓаните на Македонија одлучија дека сакаат државата да оди напред, дека и тие сакаат да напредуваат и дека сето тоа треба да се прави достоинствено, како што се прави денес.
Андреј Жерновски едноставно е политички талог каков што во Македонија тешко дека повторно ќе се појави.