
Саво Костадиновски
Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија.
Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога македонската посебност честопати била оспорувана, тој одговарал со научни факти, книги, преводи и јавни настапи.
Лирско писмо за Волф Ошлис
Ти пишувам, пријателе,
од твојата татковина,
додека ти не се одвојуваш
од мојата татковина.
Ти пишувам, пријателе,
оти цел живот сум сведок
каде цел живот
патиштата те водат.
Откако желбата
светот да го освојуваш
тебе те освои,
патот те однесе
право во Македонија.
Дојде да проглаголиш
на јазикот наш,
за јазикот наш,
за темнината
во минатото наше,
за светлината
што некогаш блеснувала
среде таа темнина.
Дојде да словиш
и гласно да го кажеш
твоето слово за словото,
за зборовите,
за писмото словенско
и на мојот род.
Дојде да покажеш
дека Македонија
е мајковината
на словенската писменост.
Дојде да покажеш
како твоите браќа по дух
ѝ ги откривале
и духот и ликот
на Македонија,
на овие простори
незаситни од војни,
омеѓена меѓу просторите
со мински полиња.
Дојде за да видиме
како натежнал во тебе
зборот македонски
и колку топлина содржи
кога пријател го изговара.
Дојде, а ние те уверуваме
дека ќе бидеш присутен
во идните времиња
што ја чекаат Македонија.
Откако желбата
светот да го освојуваш
тебе те освои,
ти не престана
Македонија да ја освојуваш.
Таа ќе те запамети
како голем освојувач
меѓу своите пријатели,
драг мој пријателе.
ЛИРСКО ПИСМО ЗА ВОЛФ ОШЛИС
Ти пишувам, пријателе
од твојата татковина
додека ти не се одвојуваш
од мојата татковина.
Ти пишувам, пријателе
оти цел живот сум сведок
каде цел живот
патиштата те водат.
Откако желбата
светот да го освојуваш
тебе те освои
патот те однесе
право во Македонија.
Дојде да проглаголиш
на јазикот наш
за јазикот наш
за темнината
во минатото наше
за светлината
што некогаш блеснувала
среде таа темнина.
Дојде да словиш
и гласно да го кажеш
твоето слово за словото
за зборовите
за писмото словенско
и на мојот род .
Дојде да покажеш
дека Македонија
е мајковината
на словенската писменост.
Дојде да покажеш
како твоите браќа по дух
ѝ го откривале
и духот и ликот
на Македонија,
на овие простори
незаситни од војни,
омеѓена меѓу просторите
со мински полиња.
Дојде за да видиме
како натежнал во тебе
зборот македонски
и колку топлина содржи
кога пријател го изговара.
Дојде, а ние те уверуваме
дека ќе бидеш присутен
во идните времиња
што ја чекаат Македонија.
Откако желбата
светот да го освојуваш
тебе те освои
Ти не престана
Македонија да ја освојуваш.
Таа ќе те запамети
како голем освојувач
меѓу своите пријатели,
драг мој пријателе.