На прво место

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување.

Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè уште нема вода за наводнување, а под притисок е и снабдувањето со вода за пиење.

Дали две куќи изградени на спорната траса во Здуње го закочиле проектот „Равен – Речица“? Надлежните со години не даваат јасен одговор чија е земјата, врз основа на кои дозволи се градело и дали ќе ја ослободат постојната траса или ќе го пренасочат цевководот.

Системот за наводнување „Равен – Речица“ беше замислен како решение за еден од најважните проблеми на земјоделците во Полог: како плодната земја да добие сигурна вода во текот на производната сезона. Но системот и по 10 години сè уште не е ставен во функција.

Земјоделците продолжуваат да зависат од дождот, кој во последно време е сè поредок, од достапните извори и од други начини да ги спасат посевите.

Жители предупредуваат дека за наводнување на ниви и бавчи се користи и вода од локалните водоводи, наменета првенствено за домаќинствата. Тоа е особено чувствително прашање за Врапчиште и Гостиварско во летните месеци, кога расте и потребата за наводнување и потрошувачката на вода за пиење.

Што било планирано со проектот?

„Равен – Речица“ треба да овозможи наводнување на над 3.300 хектари земјоделско земјиште во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово. Планираниот опфат се протега од Здуње до Мала Речица, над автопатот Тетово – Гостивар и подножјето на Шар Планина.

Сигурната вода им овозможува на земјоделците однапред да планираат што ќе сеат, колкава површина ќе обработуваат и дали ќе вложуваат во насади и опрема. Без неа, целогодишниот труд може да зависи од неколку сушни недели.

Главниот доводен цевковод треба да ја донесе водата до подрачјето за наводнување. Надлежните треба јасно да објаснат што точно опфаќаат досегашните работи и кога системот ќе може да им служи на корисниците.

Договор во 2016 година, почеток на работите во 2018 година

Основниот договор за изградба на главниот довод бил склучен на 14 декември 2016 година. Изведувач е фирмата „АК Инвест“ од Тетово, а вредноста на основниот договор изнесува 907.409.592 денари со ДДВ.

Според одговорот доставен на поставено новинарско прашање, одобрението за градба било издадено на 16 јули 2016 година, додека изведувачот бил воведен во работа на 27 август 2018 година.

Колку е изградено за 10 години и зошто сè уште не е во функција?

Според доставениот одговор, изградбата е реализирана 83,86 проценти. Надзор над работите врши фирмата „ЕОС Е.Е.“ ДОО Скопје. Надлежните тврдат дека исплатите кон изведувачот се извршени според работите направени на терен.

Каде точно заглавил „Равен – Речица“?

Во својот одговор надлежните како причини за доцнењето ги посочуваат нерешената експропријација и изградбата на автопатот. Но жители на Полог тврдат дека клучната пречка се две куќи изградени на спорната траса во Здуње, а дека автопатот не е причината поради која системот сè уште не е довршен, системот е над автопатот Тетово Гостивар.

По толку години, „утврдувањето“ повеќе не може да биде одговор. Ако куќите кај Здуње го попречуваат цевководот, институциите мора да ги објават документите: чија е земјата, врз основа на кои дозволи се градело и дали објектите се законски изградени. Потоа треба да донесат одлука — да ја овозможат изградбата по постојната траса или да понудат изводливо пренасочување.

На земјоделците им треба вода на нивите, а на домаќинствата — сигурна вода за пиење.

Најново од: На прво место

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

Македонското знаме се развеа во срцето на Њујорк за 35 години независност

Македонците во Њујорк заедно ја одбележаа 35-годишнината од независноста на Македонија со свечено подигнување на македонското знаме. Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), церемонијата се одржа на 26 септември во финансискиот центар на Њујорк, кај познатиот споменик „Разјарениот бик“. И покрај лошото време и најавите за бура, на собирот дојдоа десетици Македонци. „Со овој […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во време на СДСМ имало коленичење и виткање кичма

Македонија е подготвена да разговара со Бугарија сè додека не се најде заеднички прифатливо решение, но во разговорите треба да биде вклучена и Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од Њујорк. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ја користи секоја можност пред меѓународните партнери да ги претстави аргументите и позициите на […]

За службената должност земаат плата, а за рекет затвор

Институциите треба да ги откриваат ваквите дела, а граѓаните да се охрабрат да ги пријавуваат, за секој што работи во јавна служба да запомни дека зема плата за чесно да ја врши својата работа, а не да бара рекет. Пуста навика: за сè и сешто да се побара нешто. Макар и малку, само да се […]

Мицкоски се сретна со Гутереш и се потпиша во Книгата на почесни гости на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во рамките на учеството на 81. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. При посетата на седиштето на светската организација, тој се потпиша и во Книгата на почесни гости. „Особена чест беше да се потпишам во Книгата на почесни гости на […]

To top