Историја

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Славе Катин

Славе Катин

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување.

Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите кои беа вооружени со опсадна техника по неколку напади најпосле успеаја да го пробијат јужниот ѕид, со што го направија градот отворен за напад.

Во исто време флотите напредуваа во пристаништата. По кратката крвава борба градот беше во рацете на Александар Македонски.

Им беше дозволено да останат само на оние што заедно со кралот Аземилк и картагенските амбасадори се засолнија во храмот Мелкарт. Околу 8.000 Тирјанци загинаа, а околу 30.000 беа продадени како робови според обичаите во античкото војување. Градот беше зачуван и повторно населен и ставен под античка македонска команда за да стане главна тврдина на античката македонската моќ на морскиот брег.

Александар Македонски сега можеше да му принесе жртва на Херакле. Таа церемонија беше проследена со свечена парада на војската под цела опрема како во Ефес. Но, во оваа пригода и персоналот на флотата се придружи кон парадата, а гимнастички натпревар и трка со факели беа одржани во заградениот простор на храмот. Техниката што направи пробив му беше посветена на Господ и на храмот.

Тир падна во август 332 година. Населението, кое го зачува ветувањето да не се предава заслужува восхитување и симпатија. Но и победникот исто така заслужуваше восхитување. Александар Македонски беше седум месеци пред градот. He го напушти градот се додека не зеде се што сметаше дека е навистина вредно.

Додека Александар Македонски вршеше опсада на Тир, второто и последно писмо му пристигна од Дариј во кое, покрај големиот откуп за своето семејство (10.000 таланти), ја нудеше раката на својата ќерка Естер, предлагаше договор за пријателство и сојуз, како и предавање на империјата западно од Еуфрат.

Тоа беше фатален момент за древниот свет. Ако Александар Македонски се задоволеше со оваа империја до Еуфрат, целата наредна разврска на древната цивилизација ќе беше сосема поинаков. Подоцнешните ефекти од неговата одлука, навистина, се раширија низ средниот век, па сé до наше време и на Исток и на Запад. Тоа беше фатален момент за древниот свет.

Само по себе беше јасно дека Александар Македонски, кој уште кај Ис ја доби целата азискоантичка империја, нема да го одбие проширувањето на империјата.

Парменион рекол дека ако е тој на местото на Александар би бил задоволен со тоа што го постигнал и би ја завршил војната, на што Александар Македонски одговорил: „И јас така ќе постапев ако бев Парменион”.

Има многу длабоко значење во кажанава анегдота. Се поставени  две различни генерации: едната олицетворена во стариот генерал, а другата во младиот крал. Притоа, би можело генералот да се идентификува со својот господар Филип Македонски, бидејќи во тоа лежи контрастот меѓу политиката на Филип Македонски и Александар Македонски.

Co сигурност може да се тврди дека ако некогаш Филип Македонски беше напредувал толку многу, сигурно би ја прифатил понудата за границата до Еуфрат. Филип Македонски за секогаш остана Македонец, а тоа ќе го стореше и доколку приклучеше делови од Персиската империјакон својата Античка македонска империја.

Александар Македонски, кој веќе се чувствуваше како „крал на Азија”, беше во тек на развојот кој веќе ги надминуваше античките македонски интереси. За античкиот македонски човек ограничената политика на Филип Македонски без сомнение би била подобра.

Кога Александар Македонски настапи од Тир кон југ, наиде на отпор само на едно место, од стариот филистински фад во Газа, последниот голем крајбрежен град пред египетската граница, цврста тврдина на едно возвишение, што беше храбро и умно бранета од евнухот Бат со помош на набатеанските наемници.

Сé додека тешката опсадна техника не беше донесена од Тир и сместена на еден од вештачките бедеми и се додека не беа поткопани ѕидовите, Александар Македонски цели два месеца не успеа да го заземе градот.

Во текот на тој период Александар беше ранет во рамото. Бидејќи во градот немаше повеќе население, дел поради смрт а дел поради ропство, Александар Македонски донесе ново население од соседството и го преобрази градот во античка македонска тврдина.

Од Газа настапи долж брегот и за седум дена втаса до Пелузи, гранична тврдина на Египет, каде се сретна со својата флота. Неопходен дел од Александровиот стратешки план беше да го покори Египет, пред да навлезе во внатрешноста на Азија.

Иако главната опасност, што му се закануваше од персиската флота сега беше отстранета, кралот Агис од Спарта беше сé уште активен во поттикнувањето на војна против Александар Македонски.

Неокупираниот персиски Египет во неговата заднина би бил собирно место или засолниште за голем број немирни и непријателски елементи. Така пред да дојде Александар Македонски, Аминта, синот на Антиок, кој избега од бојното поле кај Ис со оние 8.000 антички грчки наемници, направи напор, иако без успех, да се утврди овде.

Египет падна во рацете на Александар Македонски без борба. Намесникот Мазацес му ја предаде тврдината Мемфис со гарнизонот и богатството (800 таланти) а египетскиот народ го поздрави со радост како свој ослободител од персискиот јарем.

Повеќе од шеесет години, со разумност користејќи ги предностите на народот во Персиската империја, a co помош на голем број античка грчка наемничка војска и истакнати антички команданти како што беа Чабриј, Агесил и други, Египќаните успеаја да ја одржат слободата со своите национални фараони, наспроти персиската власт која започна со Камбис.

Десет години пред тоа Окус повторно го окупира Египет, го истера последниот местен крал Нектанебо II и му зададе смртоносен удар на египетскиот народ. Особено тоа се почувствува во нивниот религиозен живот, со воведувањето на новиот персиски закон со кој се дозволи пљачкање на египетските храмови.

Оттука доаѓаше омразата спрема персиската власт, a co задоволство и надеж беше примен Александар Македонски. Ни народот не беше разочаран од него.

Многу порано античките Грци започнаа да ги идентификуваат туѓите божества со античките богови. Во древен Египет, особено главните богови на Египќаните, се идентификуваа со античките богови и тоа: Амон со Зевс, Осир со Дионис, Ис со Димитар, Хор со Аполон итн.

За Александар Македонски беше сосема природно да го покаже длабокото почитување спрема египетските богови. Тоа стана негова обврска и должност. Така, веројатно веднаш по влегувањето во Мемфис, беше признат од египетското свештенство како крал на Египет, a co тоа стекна право да принесе кралска жртва што имаше голема улога во државата.

Овој исклучиво важен настан не е спомнат во историските извори. Но, кажувањата за Александар Македонски потврдуваат дека во Мемфис тој беше поставен на престолот во храмот на Птах облечен како крал на Египет.

Најново од: Историја

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк?

Дали Гркот Зорба бил вистински Грк е прашање што многумина го поставуваат и ги тера на сомнение и дилеми. Алек (Алекс – Александар) Џигеров, Македонец од Канада, кому Македонија му е судбина и преокупација, има видување и аргументи дека Зорба не бил Грк, туку Македонец. Според неговиот текст со наслов „Македонска чорба“, што е напишан […]

Гаврил Радомир – Самоиловиот наследник што загинал од раката на својот братучед

Двапати го спасил својот татко на бојното поле, а животот го загубил од Јован Владислав – човекот за чие спасување самиот се заложил. Гаврил Радомир бил син на цар Самоил и царицата Агата, истакнат војсководец и наследник на Самоиловиот престол. Владеел од октомври 1014 до летото 1015 година, во еден од најтешките периоди за Самоиловата […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Најнови вести

To top