Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласа и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг во Брвеница. На 1 ноември влегуваме во вториот круг со голема предност и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба, порача Ковачки.
Ковачки упати благодарност до сите граѓани на општина Брвеница кои излегоа на гласање и го остварија своето демократско право, а особено до оние што ја дадоа својата доверба на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.
„Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласа и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг. Опозицијата составена од СДС, ДУИ и Левица заедно освои помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е резултат кој нè прави горди, но пред сè и нè обврзува“, истакна Ковачки.
Тој му го честиташе постигнатиот резултат на Радичевски, нагласувајќи ги неговата посветеност и енергијата со која ја водел кампањата. Упати благодарност и до членовите, активистите, симпатизерите и поддржувачите кои во изминатиот период работеле на терен, разговарале со граѓаните и ги слушале нивните потреби.
Ковачки посебно ги истакна позитивната атмосфера, заедништвото и енергијата во текот на кампањата во Брвеница.
„Разговорите со граѓаните, искрените средби, подадената рака и поддршката што ја добиваме во сите населени места се најголемата вредност на овој изборен процес. Токму тие моменти ни даваат дополнителна сила и мотив да продолжиме уште попосветено“, порача тој.
Резултатот од првиот круг, според Ковачки, претставува признание за вложениот труд, непосредниот пристап кон граѓаните и желбата Брвеница да продолжи да се развива.
„Во вториот круг влегуваме со голема предност, со позитивна енергија и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба. Одиме на убедлива победа и избор на Стојанчо Радичевски за градоначалник на општина Брвеница“, истакна Ковачки.
Тој нагласи дека целта е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат напредок.
„Голема благодарност до сите граѓани на Брвеница за довербата, поддршката и достоинственото учество во изборниот процес. Продолжуваме заедно, обединети и посветени на иднината на Брвеница“, порача Ковачки.