На прво место

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо прва во Брвеница — повеќе од четири спрема еден во однос на СДС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи убедливо водство на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски во првиот круг од изборите за градоначалник на Брвеница. Тој порача дека резултатот претставува потврда на довербата во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, но и обврска за продолжување на инвестициите и решавање на проблемите на граѓаните.

Мицкоски истакна дека разликата меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на СДС е поголема од четири спрема еден. Притоа направи споредба со повторените избори за градоначалник на Маврово и Ростуше, каде што, како што посочи, ВМРО-ДПМНЕ победила со разлика поголема од два спрема еден.

„Иако само пред неколку дена раководството на СДС најавуваше убедлива победа во Брвеница, сепак СДС е декласиран од граѓаните и тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство“, изјави Мицкоски.

Според првичните резултати на Државната изборна комисија, ажурирани во 21:27 часот, по обработката на сите 24 избирачки места, Радичевски освоил 2.943 гласови, односно 38,90%. Второпласиран е Аркин Јахи од Националната алијанса за интеграција со 2.152 гласа, односно 28,45%, додека кандидатот на СДСМ, Јовица Радески, освоил 706 гласови.

Довербата носи обврска за конкретни резултати

Мицкоски им се заблагодари на сите граѓани што го оствариле своето избирачко право, како и на учесниците во организацијата и спроведувањето на изборниот процес. Му честиташе на Радичевски и на сите што работеле во кампањата, нагласувајќи дека по гласањето за сите останува обврската да ја почитуваат волјата на граѓаните.

„Од волјата на народот нема бегање и тој е неприкосновен судија“, порача Мицкоски.

Тој оцени дека изборниот резултат има и пошироко политичко значење, бидејќи, според него, граѓаните ја препознаваат политиката на конкретни проекти, исполнување на ветувањата и преземање одговорност.

Истовремено, нагласи дека поддршката не ја намалува одговорноста на власта. Граѓаните имаат големи очекувања, а многу проблеми сè уште чекаат решение.

Како претседател на Владата, Мицкоски најави дека ќе продолжат вложувањата во општините — во патишта, водоводи, училишта, комунална инфраструктура и подобри услови за живот. Таа посветеност, истакна тој, продолжува и во Брвеница.

Идниот градоначалник мора да работи за сите

Мицкоски изрази почит кон останатите кандидати и кон правото на секој граѓанин слободно да одлучи кому ќе му ја даде довербата.

Тој потсети дека Брвеница е дом на луѓе од различни националности, вери и политички убедувања и порача дека тоа заедништво мора да се зачува. Најважната обврска на идниот градоначалник, според него, ќе биде да работи за сите граѓани и за сите населени места.

Во пресрет на вториот круг, најавен за 1 ноември, Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара поддршка од сите граѓани на Брвеница, со програмата и проектите со кои настапила во изборната трка.

Како приоритети ги посочи новите инвестиции, подобрата инфраструктура, решавањето на комуналните проблеми, можностите за младите и подобрувањето на животот во сите населени места.

„Политичките натпревари доаѓаат и поминуваат. Но, луѓето остануваат да живеат заедно. Остануваат нивните семејства, нивните соседи, нивните пријателства и заедничките потреби“, истакна Мицкоски.

Обраќањето го заврши со порака за единство, одговорност и продолжување на работата за општината:

„Победата е огромна, но и нашите обврски за оваа општина се огромни. Со конкретни проекти. Со одговорност. Со почит кон секој човек. За една Брвеница за сите. Да ја сочуваме силата на единството. Одиме на вкупна победа!“

Најново од: На прво место

Свети великомаченик Димитриј Солунски, Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира по член 315 од Кривичниот законик

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавите на Богданка Кузеска, ја обвинува СДС дека свесно создава хистерија со цел да предизвика страв и несигурност кај граѓаните. Од партијата го повикуваат Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на делото саботажа. Во продолжение го пренесуваме соопштението: „СДС никако да престане со умисла […]

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

To top