Дијаспора

Иван Трпоски: Илинден прославен во Сиднеј

Иван Трпоски

Македонскиот верски и национален празник Илинден традиционално се одбележува на 2 август во сите градови и држави ширум светот каде што живеат и работат Македонци.

Бидејќи Илинден е и национален и верски празник, Македонците најмасовно го одбележуваат во црковните храмови. Покрај богослужбите посветени на светиот пророк Илија, на свеченостите се говори за Илинденското востание од 1903 година и за Првото заседание на АСНОМ. Се оддава почит и на сите комити и партизани кои ги положиле своите животи за татковината Македонија, за таа да продолжи да опстојува слободна и обединета, а Македонците слободно да ги одбележуваат своите историски настани и да говорат на својот мајчин јазик.

Годинава, во црквата „Света Петка“ во Рокдејл, Сиднеј, беше отслужена света литургија, на која проповедаше свештеникот Владо Недески. Потоа отец Недески одржа панихида за паднатите борци кои ги положиле своите животи за Македонија.

Пред споменикот на апостолот на македонската револуционерна борба за слободна и обединета Македонија, Гоце Делчев, беа положени венци со свежо цвеќе.

Меѓу претставниците на повеќето друштва што дејствуваат во оваа општина, венец положија и членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Тие настапија и со патриотска поезија посветена на Илинден и на илинденците.

Во поетскиот дел од програмата со свои творби настапија поетите Марија Александрова, Иван Трпоски, Спасија Огненовска, Цане Долевски, Перо Илиевски и д-р Васил Тулевски.

Петре М. Андреевски

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ИЛИНДЕН, МАКЕДОНЦИ

О, најдолга годино, ти збиру на нашата мака,
што ни го изнесе оружјето до секој горски срт,
чакалу и гаврану во предците што гракаш,
пронајди ме и мене во твојот прекар сакан:
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!

Окову што нè додржа со нашиот бол да патиш,
црна солзо врз пепелта преорана од крт до ’рт,
колку пушки ни испразни маката да ни ја сфатиш
и кој беше последен востанат што те испрати
со СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!

Камбанаријо што смеша земја, небеса и води,
раскажи ни ја цената на твојот зарек грд,
преброј ни ги мртвите од кои ти се роди
и продолжи да нè водиш низ времето што нè сроди
со СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!

О, штура свадбарино, припеку од сите рани светнат,
погоди ме и мене в срце со твојот лелек тврд,
погоди ме недоветно сред исто пладне летно
поради сите кои, умирајќи, ти пееја сетно:
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!

Најново од: Дијаспора

Слогата во семејството – карактеристика за Стамевци (16)

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин Во ова продолжение ќе  претставимедел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), што ја слушнав и снимав при мојата пријателска  средба на семејството Стамевски во Детроит При мојата пријателска средба на семејството Стамевски во Детроит, меѓу другото, разговарав […]

Срдечна средба со Тврдомир Стамевски – татко и дедо (15)

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин Во ова продолжение ќе претставам дел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), кој беше вистинска легенда, столб на Стамевци, прекрасен соговорник, човек кој и долго и многу памтеше При мојата посета на семејството Стамевски се […]

Македонски фолклорен фестивал „Преспа“ ќе ги обедини Македонците од целиот свет во Пустец

На 20 август 2026 година, со почеток во 18:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ќе се одржи Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ – културна манифестација што ќе ги собере Македонците од Македонија, Албанија и дијаспората во чест на македонската традиција, песна и оро. Фестивалот ќе биде можност за промоција на богатото македонско културно наследство […]

Средба со Тврдомир Стамевски – почитуваниот татко и дедо (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Во ова продолжение ќе  претставам дел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), кој беше вистинска легенда, столб на Стамевци, прекрасен соговорник, човек кој и долго и многу памтеше  Моето патување од Чикаго го продолжив за Детроит со летот […]

Формиран Македонскиот национален сојуз во Србија: Обединети 29 македонски организации

Илинденска прослава во Јабука – архивска фотографија На Илинден, во Јабука, беше одржано Основачкото собрание на Македонскиот национален сојуз, со што започнува ново поглавје во организираното дејствување на македонската заедница во Република Србија. Во новоформираниот Сојуз се обединија 29 од вкупно 34 активни македонски организации во Србија, не сметајќи го Националниот совет на македонското национално […]

На пописот во Австралија да се изјасниме како Македонци

Секој Македонец е важен: На пописот во Австралија да се изјасниме како Македонци Македонската заедница се мобилизира пред пописот на 11 август: Целта е официјалната бројка да достигне најмалку 200.000 лица со македонско потекло „Во графата за потекло напишете ‘македонско’, за земја на потекло ‘Македонија’, за јазикот што го зборувате дома ‘македонски’, а за религија […]

Стирлинг Македонија оди по трофејот!

Стирлинг Македонија оди по трофејот! Младите фудбалери на Стирлинг Македонија до 18 години се пласираа во големото финале на Државниот куп на Западна Австралија! По одличните настапи и заслужената победа од 2:0 над Перт Ред Стар во полуфиналето, младите „лавови“ ги очекува уште една пресметка – борбата за шампионскиот пехар против Перт Глори. Финалето ќе […]

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија

Во сите храмови биле отслужени свети литургии и прочитано Илинденското послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Низ сите црковни општини на Австралиско-сиднејската епархија достоинствено и молитвено беше одбележан големиот празник Илинден. Од Епархијата информираат дека во сите храмови биле отслужени свети литургии, на кои било прочитано Илинденското послание на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски […]

To top