Историја

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Славе Катин

Славе Катин

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може точно да се лоцира местото на цитаделата.

Од тој храм е зачувана големата порта на предната колонада, крунисана со египетски лак кој лежи во храмот на свештениците зад гробиштата. Исто така е зачувано и внатрешното свето место и неколку декорирани ѕидови со релјеф и хиероглифски натписи.

Ќалистен во своето раскажување за посетата на Александар Македонски вели дека давањето на пророчки одговори било вообичаен ритуал. Ова е потврдено со ритуалот во храмот на Амон во Теба, а храмот во оазата беше само дел од тој храм. Според Калистен, одговорот на пророкот не беше даден како во Делфи и Бранхида.

Идолот на Богот во форма на курбан беше носен во дворот околу храмот во канџи на плеќите на свештениците во свечена процесија, придружена од распеани девојки и матрони (стари немажени девојки). Неговата желба беше изразена преку идолот, носен од свештеници кои се вртеа „мавтајќи” со главата и пеејќи.

Главниот свештеник како олицетворение на пророкот ги објасни овие сигнали како прифаќање или одбивање, како последица несомнено на примитивни традиции, a потоа го најави консултантот.

Човек би.можел да претпостави дека возбудата на свештениците беше како онаа од вознемирениот рид на мравките, кога од височината на Агхурми во далечината видоа дотогаш невиден караван кој доаѓа со болскотливо оружје, a ce рашири веста дека доаѓа новиот Египетски крал, бидејќи никогаш порано не се случило фараон да ја посети оазата. Подготовките за свечениот прием мораа да бидат направени многу брзо.

Некои свештеници без двоумење беа испратени да го пречекаат кралот и неговата придружба надвор од влезот и да ги запознаат со својот традиционален церемонијал пред да влезат во храмот. Co оглед на постојаните контакти со античките ации, се претпоставува дека во ова големо свештеничко братство имало доста свештеници кои зборувале антички грчки јазик.

Така им беше најавено на посетителите дека само Александар Македонски како фараон може и без промена на облеката да влезе во храмот на свештениците што беше ограден со трем наречен „Свет на Световите”, а неговата придружба откако ќе направи извесни измени во облекувањето што се запишани со церемонијалот. Во меѓувреме, се појави пророкот.

Тој беше еден почитуван стар човек, кој нареди идолот да биде носен од свештениците надвор од „Светот на Световите” во дворот на храмот, тука да го поздрави Египетскиот крал колку што е можно побрзо и тргна лично да го пречека пристигнувањето на кралот.

Кога Александар Македонски со својата свита, раководен од свештениците, побара да се сретне со пророкот, влезе во дворот на храмот, а тој тргна да го прими и му се обрати според египетскиот церемонијал, но секако на антички грчки и го поздрави како „син на Амон” во името на Бога.

Само што останаа сами во храмот на свештениците, Александар му постави прашање на пророкот. Потоа поворката со идолот направи како што погоре е опишано, а пророкот го најави одговорот на Господ за кралот во „Светот на Световите”.

Кога Александар Македонски се врати во дворот на храмот, неговите пријатели нетрпеливо го прашаа што се случи, а тој им рече дека ништо повеќе од тоа што „тој го слуша, a e во согласност со неговата желба”.

Некои од неговите пријатели ја искористија можноста да му постават прашања на Бога во своја лична корист. Тие исто така добија одговор според опишаниот обред, со медитација на пророкот, но надвоц, во дворот на храмот како обични аџии. Сето ова се случи јавно.

Како што покажува одговорот на Александар Македонски на прашањата од своите пријатели, разговорот го задржа како тајна. Веројатно имаше лични причини што го направи тоа. Но, можеби и пророкот му има укажано одговорот да го зачува во тајност, според египетските правила, бидејќи Господ му зборувал на својот син.

Александар бездруго чуваше тајни. Веднаш потоа тој и напиша на мајка си Олимпија, известувајќи ја дека ги примил тајните директиви што ќе ѝ ги соопшти веднаш по враќањето во Македонија. Бидејќи тоа никогаш не се случи, Александар ја однесе тајната в гроб. Затоа нема да се дознае какво прашање му поставил на пророкот.

Поради тогашната воена и политичка ситуација повеќе од сигурно беше дека прашањето се однесувало на неговата иднина. Меѓутоа, како тој го формулирал тоа, колку требало да се прошири, дали се однесувало само на претстојните борби со Дариј, или и на вистинското добивање суверенитет над Азија што го бараше тој по Ис, или намерата му била да го освои целиот свет, сето тоа веќе беше во неговата глава и не се измени во наредните години од неговиот живот. За сето тоа знаеше само Амон, а ние никогаш нема да дознаеме.

Најново од: Историја

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

To top