Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација.
На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Косово, Литванија, Молдавија, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Шпанија.
Натпреварувачите ќе настапат во елитна конкуренција, продолжувајќи ја богатата традиција на „Златен гонг“ – турнир што со децении ги обединува спортското ривалство, пријателството и љубовта кон боксот.
Програма на натпреварите:
- 13 ноември (петок), од 14:00 часот – четвртфинални борби;
- 14 ноември (сабота), од 14:00 часот – полуфинални борби;
- 15 ноември (недела), од 17:00 часот – финални борби.
Македонската боксерска федерација ги повикува љубителите на спортот да присуствуваат на јубилејното издание, да ги поддржат македонските репрезентативци и да уживаат во три дена исполнети со возбудливи боксерски пресметки.
Салата „Расадник“ ги очекува љубителите на боксот – заедно да ја продолжиме традицијата на „Златен гонг“!