Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите, порача Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава:
„Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле реализирани трансакции во вредност од 110 милиони евра – сомнителни пари од Венецуела, која тогаш беше под санкции.
Дополнително, трансакциите поминувале низ или стигале до земји како Русија, Белорусија и Србија.
Каде се Филипче и Заев, таму има руски, белоруски и српски влијанија.
Затоа кај СДС работи Фројд – мислат дека сите имаат задни намери какви што имаа тие.
За разлика од нив, денес имаме влада која ги заштитува банката и штедачите, а не ги доведува банките до банкрот и не ги оштетува штедачите.
Тоа е главната разлика. Не сме сите исти.“