На прво место

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај:

Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на СДСМ и Заев… Како Заев и тој се обидуваа да го исполнат ветувањето дадено на Бојко Борисов за купување на Комерцијална банка Скопје.

Тројца млади, навежбани Бугари и еден од бугарските социјалисти со македонско име во акција… Останатото кога ќе дојде време.

Од кого се барала помош за да не дојде до преземањето? Од некој што за Филипче и денес е ноќен кошмар. Комерцијална, на крај, успеа да се сочува од непријателско преземање.

Но Еуростандард не успеа. За да се спаси, им дадоа на партиските „бизнисмени“ сè што побараа. Од кредити без покритие, па сè што следи, и — добија стечај.

Ако ја урнеш банката и поставиш свој стечаен тим, тешко се доаѓа до трагите на ограбувањето. Со ова обвинителство, пак, никако нема да се дојде до траги за рекет и грабеж.

Потоа од ЕУ доаѓа абер — слаба борба против корупцијата! Е па слаба, од Брисел на Заев му ги одобруваа токму овие обвинители и судии, како и славното СЈО. Тие се одговорни за корупцијата.

Како што не успеа ни непријателското преземање на барем една од двете таргетирани национални телевизии. Во три национални телевизии Заев ги смени главните уредници, а веќе имаше избрано главен уредник за кога барем една од двете таргетирани ќе падне.

Избраниот главен уредник во најава влезе во Владата. Чекаше, чекаше и — не дочека.

Колку повеќе сегашниов „невладин“ СДСМ буричка за да предизвика проблеми што потоа ќе ги користи за свои цели, толку побрзо отвора скриени подруми и архиви што директно водат до поранешниот и сегашниот партиски шеф.

Не е само Дубаи.

Текстот ги изразува ставовите и наводите на авторот.

Најново од: На прво место

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите, порача Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава: „Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле […]

Во спомен на Македонците кои не се вратија во својата татковина

„Илустрација на споменикот посветен на Македонците кои својот нов дом го најдоа во Полска, според најавата за свеченото откривање во Полице.“ Петро Алексовски, кој живее и твори во Полска, е автор на споменикот, на документарниот филм „Македонецот“ и на изложбата „Мајко мила“. На 19 ноември 2026 година, во 11:00 часот, на гробиштата во Полице, Полска, […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

To top