На прво место

Мицкоски: Опозицијата не ја сака државата

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата дека договорите за изградба на дата-центри се прават „под маса“. Тој порача дека секоја странска или стратешка инвестиција ќе биде јавно и транспарентно објавена, а откри дека Владата преговара со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори.

„Според тоа што го коментира опозицијата, претпоставувам дека кај нив работи Фројд. Тие мислат дека, како што се однесуваа кон државата и граѓаните – лажејќи, ограбувајќи и понижувајќи ги – така се однесуваат сите“, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за дата-центрите и обвинувањата на опозицијата дека договорите се прават „под маса“.

Мицкоски нагласи дека Владата нема намера ништо да прави тајно и дека тоа го покажала во изминатите 25–26 месеци.

„Добро знаете дека секоја странска инвестиција, како и секоја инвестиција што е прогласена за стратешка, ја објавуваме јавно и транспарентно. Тука не треба да има никаква дилема“, рече премиерот.

Според него, тврдењата што се пласираат во јавноста во последните неколку дена се невистинити и покажуваат непознавање на темата.

„Тоа што го слушам претставува целосна невистина, незнаење и непознавање. Понекогаш се срамам што луѓето што ги испраќаат овие пораки имаат политичка тежина и водат политички партии. Нема да навлегувам во суштината, бидејќи сметам дека не заслужуваат одговор на техничко ниво“, изјави Мицкоски.

Тој го нагласи значењето на вештачката интелигенција и дата-центрите за современиот економски развој.

„Замислете како денес би изгледал БДП на САД без вештачката интелигенција, податочните центри и дата-центрите. Зарем ‘Амазон’, ‘Спејс икс’, ‘ОпенАИ’ и другите мултинационални компании, чии брендови вредат илјадници милијарди, би постоеле доколку на каков било начин го доведуваат во прашање квалитетот на животот на граѓаните?“, праша премиерот.

Мицкоски посочи дека Владата останува посветена на стратегијата што предвидува изградба на гасни централи за производство на електрична енергија, која потоа би се користела за потребите на дата-центрите.

Во однос на проектот во Пехчево, премиерот појасни дека станува збор за приватна иницијатива и предлог-нацрт на урбанистички план, во кој државата во оваа фаза не учествува.

„Тука државата нема ништо. Кога државата ќе реализира проект или ќе преземе институционален ризик за изградба на таков објект, јавно и транспарентно ќе излеземе пред јавноста. Преговараме со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори, меѓу кои има и голема мултинационална компанија, и нема да отстапиме ниту милиметар“, порача Мицкоски.

Премиерот на крајот оцени дека опозициските политичари, критикувајќи сè што е добро за граѓаните и за економскиот развој, покажуваат дека не ја сакаат сопствената држава.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top