На прво место

Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за тоа платија нула денари

Премиерот Христијан Мицкоски откри колку средства од државниот буџет биле потрошени за едномесечната програма по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.

Од настапот на Стив Аоки, преку музичките програми и настапите во повеќе градови низ земјата, па сè до завршниот концерт на Дејвид Гета во Скопје – Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за тоа платија нула денари.

– Имам лоша вест за сите оние што шпекулираа, клеветеа и пласираа лажни информации. Сакав секој настан во градовите низ земјата да биде посебен момент за граѓаните. Сите овие настани го чинеа буџетот нула денари. И граѓаните и буџетот сето ова ги чинеше нула денари.

Слободно проверете во „Отворени финансии“ и ќе видите дека граѓаните не платиле ништо. Сè е организирано од општествено одговорни компании – истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот нагласи дека жали што кај одредени поединци „Фројд работи“, односно што мислат дека и другите би постапувале на начинот на кој тие постапувале.

– Ова е домаќинска и промакедонска Влада, која се грижи за граѓаните. Ова е пронародна Влада во која секој денар од буџетските средства се троши транспарентно – порача Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија покажала оти знае, може и умее да организира настани од светски ранг токму овде, во сопствената држава.

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија може чесно да се заработува

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДС никако не може да сфати оти и во Македонија може чесно да се заработува, а сето тоа да биде јавно, транспарентно и видливо за граѓаните.

Како пример го посочуваат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, кој, како што наведуваат, многупати јавно говорел за тоа како заработувал во својот живот.

Од партијата истакнуваат дека никој досега не посочил оти Мицкоски заработувал нечесно, преку трети лица, фирми во странство или со местење тендери. Напротив, потсетуваат дека станува збор за универзитетски професор кого студентите го избрале за најдобар професор на факултетот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека истото не може да се каже за Зоран Заев и Венко Филипче.

Тие прашуваат како Заев и Филипче, покрај примањата што ги добивале како пратеници, министри или градоначалници, стигнале до имот и инвестиции за кои јавноста со години бара одговори.

Во партиската реакција се поставуваат прашања за станови и зграда во Дубаи, „златна виза“, милионска јахта во луксузното летувалиште Паљури на Егејот, акции во индиска авиокомпанија и фирми во соседна Бугарија што на Филипче му обезбедувале автомобили.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека јавноста со години слуша сомнежи и обвинувања за местење тендери, земање провизии, отпишување државни резерви и задолжување на државата за нечии лични интереси.

Во реакцијата се споменуваат и Коцевски, Абази, Русковска и Кацарска, за кои од партијата тврдат дека се дел од поединците во правосудството што, наместо да обезбедат одговорност, ги штитат поранешните функционери на СДС.

„На раководството на СДС му пречи што настапот на Дејвид Гета, во рамките на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија, ги чинел граѓаните нула денари. Но не му пречела приватната забава во Дубаи со Харис Џиновиќ, за која се тврди дека чинела стотици илјади долари“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека сите трошоци за одбележувањето се јавно и транспарентно проверливи преку системот „Отворени финансии“.

Јавноста заслужува одговор: кој чесно заработувал, а кој ја користел власта за лично богатење?

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top