На прво место

Потресни сведоштва за теророт врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија

Книгата „Меѓу партизаните на Маркос“ од Оскар Давичо открива сведоштва за прогоните, злосторствата и масакрите извршени врз Македонците за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година

Пишува: Трајче Димков

На одбележувањето на Денот на независноста на Македонија и годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, во Штип беше промовирано најновото дело што го приреди Александар Донски – еден од најгласните борци против големобугарската и големогрчката пропаганда насочена против Македонија.

На промоцијата, Теа Барбашка претстави дел од содржината на книгата:

„Почитувани,

Неодамна, во електронски формат, беше објавена книгата ‘Меѓу партизаните на Маркос’ од познатиот српски писател и новинар од еврејско потекло Оскар Давичо.

Оскар Давичо е роден во 1909, а починал во 1989 година. Тој бил голем вљубеник во Егејскиот дел на Македонија. Во 1947 година, во екот на Граѓанската војна во Грција, заедно со група странски новинари и во рамките на Комисијата на Обединетите нации, го посетил овој дел од Македонија. Своите доживувања и записи ги објавил во обемна книга од близу 400 страници, која досега не беше објавена во Македонија.

Покрај описите на градовите и селата во Егејскиот дел на Македонија и животот на тамошното население, во книгата се објавени и исклучително значајни сведоштва од Граѓанската војна.

Меѓу нив се наоѓа и досега малку познатото интервју со генерал Маркос од 1947 година, во кое тој јасно ги признава Македонците како посебна нација.

Објавени се и интервјуа со други команданти на Демократската армија на Грција – ДАГ, кои сведочат за постоењето на Македонците во Егејскиот дел на Македонија, но и за теророт што го претрпувале од грчките власти по Балканските војни. Во книгата се пренесени и сведоштва на борци на ДАГ кои отворено се изјаснувале како Македонци.

Книгата на Оскар Давичо била објавена на српски јазик во 1947 година. Само неколку месеци подоцна, во 1948 година, била забранета во тогашна Југославија поради судирот меѓу Тито и Сталин и поддршката што генерал Маркос му ја давал на Сталин.

Благодарение на македонскиот историчар и писател Александар Донски, книгата неодамна беше пронајдена. Од неа, првпат на македонски јазик, е објавен избор од стотина најзначајни страници.

По иницијатива на Донски, овие вредни историски податоци беа преведени и на англиски јазик, со цел по електронски пат да бидат доставувани до странски институции, организации и истражувачи.

Имајќи го предвид фактот дека Македонците кои денес живеат во Егејскиот дел на Македонија го зборуваат македонскиот јазик, но најчесто читаат на грчки, книгата беше преведена и на грчки јазик од соработник на Донски од Солун. Според неговите зборови, грчкото издание веќе масовно се споделува меѓу Македонците и предизвикува голем интерес.

Покровител на објавувањето на книгата е Македонското литературно друштво ‘Григор Прличев’ од Сиднеј, предводено од претседателот Душан Ристевски, во соработка со Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ‘Мирка Гинова’ од Штип, предводено од претседателот Стојан Димков.

Преводите на книгата ги помогнаа Трајче Т. Трајкоски од Перт, Александра и Горан Серафимовски од Австралија, како и ‘Македон преведувачи и издавачи’ од Сиднеј. Поради недостиг од средства, трите јазични верзии на книгата засега се објавени само во електронски формат.

Му изразуваме благодарност на Александар Донски, кој и на овој начин ја продолжува борбата против странските антимакедонски пропаганди, и тоа токму на нивниот терен.

Воедно, се поклонуваме пред ликот и делото на Оскар Давичо, кој напишал дека Егејскиот дел на Македонија го носел во своето срце. За време на престојот таму и неговиот живот бил во опасност, а грчките монархофашисти се обиделе да извршат атентат врз него.

Со сведоштвата што ги оставил, Оскар Давичо и денес задава силен удар врз грчката националшовинистичка политика и нејзините обиди за негирање на македонскиот народ.

Ги повикуваме државните и локалните власти да размислат за оддолжување кон неговиот лик и дело преку именување улица во Македонија со името на Оскар Давичо.“

Сведоштво што ја замрзнува крвта

Како илустрација на страотниот терор, во книгата е пренесена изјава на припадникот на ДАГ, Ламбринас, дадена пред присутните новинари:

„Деспина и Аницис Кавреки беа мачени со струја за да ја предадат илегалната печатница. Но, тие не ја предадоа и затоа ги убија! Другарот Вирон Хаџи го убија во Ксеномер. Другарката Христина Кјатипи од селото Алино ја силуваа и ја обесија со главата надолу, со бајонет забоден во нејзината осквернавена женственост. Ја симнавме мртва од дрвото круша, додека роеви црни мушички излегуваа од неа.

Десет припаднички на ЕАМ од Агио Пантелејмон беа силувани и тепани со стапови, а потоа беа врзани со каиши за стругарата, како во средниот век. Деспотос, млад работник во истата стругара, жив го исекоа долж телото со двојна пила, како што се сечат талпите. Неговата бремена жена ја пресекоа на три дела, од главата до стомакот…“

Во книгата се запишани и други потресни сведоштва за теророт врз Македонците. Тие никого не можат да остават рамнодушен и со нив треба да биде запознаена и меѓународната јавност.

Особено значајна е и изјавата од интервјуто со генерал Маркос:

„За краткото време на власта на ЕАМ, од септември до декември 1944 година, Славомакедонците имаа можност да се уверат дека нивните надежи не беа залудни. Тие тогаш рамноправно, заедно со грчкиот народ, уживаа во плодовите на слободата. Слободно зборуваа на својот јазик, печатеа свои весници и отвораа училишта во кои се предаваше нивната историја…“

Овие сведоштва не се само записи од едно сурово време. Тие се историски документи за страдањето, отпорот и опстојувањето на Македонците во Егејскиот дел на Македонија.

Нивното објавување на македонски, англиски и грчки јазик е важен чекор кон пробивањето на долгогодишниот молк и запознавањето на светот со вистината што со децении била премолчувана.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top