На прво место

Мицкоски од Мала Преспа: Да се обединиме околу Македонија, матицата нема да ги заборави Македонците во Албанија

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, испраќајќи силни пораки за национално единство, зачувување на македонскиот идентитет и поддршка за македонскиот народ надвор од татковината. Посетата на премиерот Мицкоски беше по повод отворањето на споменикот посветен на хероите од село Туминец, загинати во Втората светска војна, […]

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, испраќајќи силни пораки за национално единство, зачувување на македонскиот идентитет и поддршка за македонскиот народ надвор од татковината.

Посетата на премиерот Мицкоски беше по повод отворањето на споменикот посветен на хероите од село Туминец, загинати во Втората светска војна, како и во чест на Македонец осуден на 101 година затвор за време на османлиското владеење во Македонија.

Во своето обраќање пред Македонците во Мала Преспа, премиерот истакна дека на Македонија денес повеќе од кога било ѝ е потребно обединување околу националните интереси, иднината на младите генерации и почитта кон сопствената историја и достоинството на народот.

„Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво и дека нивната истрајност низ децении претставува подвиг достоен за почит.

„Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит. Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка“, истакна премиерот на средбата со Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа.

Средбата помина во духот на заедништво, национално достоинство и пораки за зачувување на македонскиот јазик, традиција и културно наследство меѓу Македонците кои живеат надвор од границите на Македонија.

Селото Туминец се наоѓа на падините на Пречна Планина, на брегот на Преспанско Езеро, на северниот брег на заливот Залив Завир.

Најново од: На прво место

СДСМ на Филипче сака капитулација не обединување, време е Мицкоски да свати џабе подава рака

Текстот и фотографијата се целосно превземени од Плусинфо. Во јули 2021 година, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, со огромно мнозинство од 95 гласови, македонскиот парламент усвои документ со наслов „Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции“. Тогаш владејачкиот СДСМ, веројатно со калкулација дека тоа може да му помогне да […]

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Венко Филипче повторно докажува дека е подготвен да ја продолжи политиката на Зоран Заев, односно политиката на попуштање пред Бугарија и прифаќање барања кои, според ВМРО-ДПМНЕ, директно задираат во македонските национални и државни интереси. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новиот бугарски премиер, Румен Радев, не е непознат фактор во бугарската политика и дека неговите ставови кон […]

Македонија не смее повторно да биде заложник на политичари што до власт сакаат да стигнат преку оцрнување на државата и народот

Политиката не е навивачка трибина, ниту пазар за дневни пресметки. Особено не на 9 Мај — денот кога Европа се сеќава на победата над фашизмот, но и денот кога европските народи испраќаат порака за единство, достоинство и државничка зрелост. Токму затоа, сцената која Македонија ја виде во дворот на Владата, пред споменикот „Ослободители на Скопје“, […]

Членството на СДС не се идентификува со лидерот на партијата

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Радар подкаст, каде говореше на темата за политичко лидерство, за што вели дека довербата во еден политички лидер се гради преку конзистентноста на ставовите, посветената работа и резултатите што ги постигнува. Според неа, разликата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на СДС е очигледна токму во […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нуди уставни измени без гаранции и продолжува со политиките на отстапки

Лидерот на СДС, Венко Филипче, со секоја своја јавна изјава, според ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека за него и неговата партија не постојат црвени линии кога станува збор за националните интереси и државните позиции. Од партијата обвинуваат дека во изминатиот период Филипче континуирано се обидувал да се доближи до официјална Софија преку изјави кои, како што велат, […]

9 Мај: Победа на слободата над злото

Денес се одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот: Ден кога Европа се сети колку чини слободата 9 Мај е датум што засекогаш останува врежан во светската историја како Ден на победата над фашизмот. На овој ден во 1945 година официјално капитулирала нацистичка Германија, со што завршила една од најмрачните страници во историјата […]

Досега непозната и необјавена фотографија од веридбата на Гоце Делчев

Пишува: Александар ДОНСКИ УЛТРА СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ! Да се открие досега непозната и необјавена фотографија од најголемиот и најславен македонски револуционер, апостолот на македонското револуционерно движење и идол на Македонскиот народ Гоце Делчев, несомнено е едно од најголемите историски  откритија на македонската историска наука во поново време. Покровители на ова истражување се Васкресија (84 г.) и […]

Кога кодошлукот на Филипче се продава како европејство

Венко VS Филипче – политичарот што самиот си противречи во секој втор ред Кога човек ќе ги следи настапите, честитките, ставовите и политичките акробации на Венко Филипче, некако сам од себе во глава почнува да одѕвонува познатиот цитат на Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – […]

Најнови вести

To top