Култура и туризам

Гоце Смилевски, добитник на награда на ЕУ: Местото на македонската литература одамна е во Европа

goce

goceНаградата е потврда за авторот за она што го работел и е можност за поширока промоција на книгата. До неа се доаѓа со долготрајна и посветена работа, изјави Гоце Смилевски, кој за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ годинава ја доби Наградата за литература на Европската унија  со уште десет автори од Европа.

По повод наградата, која му беше врачена на 18 ноември во Кралскиот фламански театар во Брисел, вечерва беше организирана свеченост во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, каде што писателот истакна дека на македонската литература одамна и е местото во Европа зашто во последните две децении дала доволно добри автори кои би можеле рамноправно да стојат до своите европски колеги. За него е важно што со наградата, Македонија станала дел од европското семејство, бидејќи од 11-те земји чии автори се наградени,  е единствена што не е членка на Унијата.

– Се надевам дека и нашата читателска публика ќе почне и ќе продолжи да се развива. Мислам дека мораме да размислуваме во тој правец, пред се, ние творците да изградиме стратегија која ќе ги врати книгите пред читателите, рече Смилевски.

Организаторот на настанот, евроамбасадорот Ерван Фуере, му ја честиташе наградата на Смилевски нагласувајќи дека таа ја покажува културната димензија на европската интеграција. Задоволен е што од Смилевски дознал дека врз него влијаело творештвото на Џејмс Џојс, кој и нему му е најомилен автор од неговата родна Ирска која, како што рече, е земја на писатели и дала и други големи книжевници како Шо, Вајлд, Бекет…

– Оваа награда е признание за големото богатство на македонската литература и, секако, ова ново дело ќе ја збогати европската литературна традиција, рече Фуере.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека наградата е голем настан за македонската култура и држава што го потврдува литературниот потенцијал во земјава.

– Ова е уште еден доказ за високото вреднување на македонската литература и доказ дека времето е мудра категорија која ги потврдува вистинските творци и вистинските вредности, рече таа, додавајќи дека Смилевски е млад автор кој се движи по патеката која оди надвор од нашите граници, трасирана од Живко Чинго, Петре М. Андреевски и Венко Андоновски.

Покрај Смилевски, наградата ја добија и  автори од Германија, Данска, Белгија, Финска, Луксембург, Романија, Кипар, Естонија, Словенија и Шпанија по избор на национални жирија. Европската комисија во соработка со Европската федерација на издавачи им ја доделува наградата на млади писатели со цел да се зголеми читаноста на нивните дела надвор од матичните  земји. Наградените добиваат по 5.000 евра, а преведувањето на нивните книги ќе биде поддржано од ЕУ. Наградените книги ќе бидат претставени и на најголемиот саем на книга – во Франкфурт.

Романот за Адолфина Фројд е приказна за животот на сликарката од раѓањето до затворањето во логор. Првпат се појави во 2007 година, а неодамна издавачот „Дијалог“ објави ново, дополнето  издание на книгата. Фрагменти од неа лани беа објавени во антологијата „Најдобра европска проза“  во издание на „Далкеј Аркајв Прес“ од Чикаго.

Смилевски (1975) го привлече вниманието на читателската јавност и со својот прв  роман „Разговор со Спиноза“, кој доби голем број награди, има пет изданија и е објавен во САД, Полска, Словенија и Хрватска, а „Архипелаг“ од Белград го презентираше во рамки на едицијата „100 словенски романи“. Смилевски за медиумите изјави дека и за  „Сестрата на Зигмунд Фројд“ се договорени десетина преводи во Европа и во САД. Рече и дека работи на нов роман, но оти не сака да открива.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top