Досиеја

Феноменологија на кодошот

fenomenologija-na-kodosot

Јасна Котеска

fenomenologija-na-kodosot

Илустрација: Комар е Меламид

(Човек) не може да го изрази она што е;
тој мора да го соопшти само она што самиот не е – значи лагата.
Одреден степен на вистина можеби може да се најде само во хор.

Кафка

Од грубата анализа на досието на татко ми, станува јасно дека системот на контрола на кој почивало нашето општество бил базиран на еден претпоставен субјект – носител на претпоставената “вистина” – а тоа е кодошот лично. Кодошот е оној што знае. Кодошот станува Големиот Друг, носител на интерпретацијата и на вистината. Тој станува најширокиот субјект за кој се претпоставува дека знае – тој станува бог, мал, локален, политички, но сепак Бог.

Кодошениот, од друга страна, не е битие кое зборува, иако е цело време набљудуван во својот говор, тој е битие кое е предмет на експеримент, и како таков мора да одмолчи. Кодошениот, од друга страна, не е битие кое зборува, иако е цело време набљудуван во својот говор, тој е битие кое е предмет на експеримент, и како таков мора да одмолчи. Експериментот во него ќе предизвика редица нереди, секаков тип пореметувања, но бидејќи не е битие кое говори не е повикано да ја доведе во прашање желбата на експериментаторот, желбата на кодошот да знае се’ до талогот!

Веќе од првиот документ од досието на татко ми, може да се прочитаат важните одредници што го отсликуваат профилот на кодошите кои скриено и опскурно работеле на моделирање на идеолошкиот и културниот хоризонт на нашето (не така одамна завршено) македонско минато. Тоа е документ од пет страници во кои, чкртнатиот информатор на 18 април 1961 пред службата на СВР (а препратено и до: Книгата за информација, Отсекот на ДБ- Охрид и папката за легална врска) “со свои зборови” го прераскажал разговорот што со татко ми го водел во хотелот “Македонија”. Тој разговор содржи неколку важни и сосема неочекувани пресврти, а како што ќе видиме подолу, тие пресврти се клучни за воспоставувањето на логиката на жртва. Затоа што тие пресврти се вишок во системот на кодошот.

Значи, се сретнале во хотелот “Македонија” за да ручаат. Јонче дошол на асталот. Се пофалил дека сега е новинар во радио, му кажал на Х за која рубрика пишувал, само Х не запаметил. Откако татко ми се пофалил дека има постојани приходи, тој ненајдено “нервозно” изјавил дека сето тоа лично добро не вреди ништо затоа што (цитирам од извештајот на информаторот, според досието):

сака наполно (да) се повлече во некое најзабачено село за да не гледа ништо што се збивало во денешново друштво и околу него.

Татко ми, според изјавата на непознатиот информатор, продолжува со идејата дека нешто не е во ред затоа што онамо каде што фактички живееле македонци (малата буква е во досието, моја заб.) во селата во забачените краишта за тамо ништо не се пишувало ниту се водела сметка за тој народ. Х му контрира на татко ми дека тој како единка не можел ништо да направи со реагирањето.

Наидувајќи на вакво неразбирање на суштината на неговата поплака, татко ми ненадејно на Х му вели дека тој немогол него да го сфати и разбере што сакал да му каже а тоа ништо не го чудело бидејќи неговите интелектуални способности толку му дозволувале. Откако ја дал оваа констатација за интелектуалните капацитети на информаторот, татко ми се обидува за последен пат да му објасни на Х што е она околу што се мачи:

“Зарем Македонија 500 години била под турско ропство, а денеска да била под српско ропство”, “На секаде се викало Македонија, а Македонија седела распарчена на неколку делови и од неа ништо не постоело”.

Х одново решава да го “вразуми” татко ми. Тој му повторува дека Македонија и македонскиот народ си го добиле своето право и е решено националното прашање. Според досието, Х одново решава да го “вразуми” татко ми. Тој му повторува дека Македонија и македонскиот народ си го добиле своето право и е решено националното прашање. Татко ми не ја слуша оваа сугестија и продолжува да се жали пред својот “пријател” (според неговите забелешки) дека: (Во Скопје се сипале голема сума пари, само како Скопје треба да живее, селото нека умира наполно е запоставено, намерно тоа се правело од страна на факторите бидејќи во селата и забачените краеви живеело чисто македонско население. И кога за последен пат, Х решава уште еднаш “добронамерно” да го потсети татко ми дека барем нему лично му е добро, во овој разговор на глуви уши се случува нов пресврт, за којшто пишувавме порано. Јонче изненада излегол надвор од кафаната пошто некое лице врвело отишол со него да разговара.

Информаторот е најмен да ги одреди мотивите на однесувањето на сомнителниот поет, а контролорот е најмен да ги одреди мотивите и степенот на доверливост на информаторот. Во оперативната забелешка што го анализира профилот на информаторот, пишува дека лицето немал особина да придодава ствари и ги увеличува, реално изнесувал. Тие двајца, информаторот и неговиот контролор се луѓе што имаат експертиза. Тоа значи дека тие се проценети како луѓе кои можат да го измерат нештото што е така немерливо како што се човечките мотиви. Информаторот е најмен да ги одреди мотивите на однесувањето на сомнителниот поет, а контролорот е најмен да ги одреди мотивите и степенот на доверливост на информаторот.
Но гледате, од почеток до крај вие имате една картезијанска постапка која со ништо не води суштински до знаење, туку само до извесност. Информаторот не е некој кој знае, тој е некој кој е извесен за системот. Нема ништо од онаа страна што го гарантира ополномоштувањето на овој информатор дека точно ќе го пренесе разговорот. Нема ништо од онаа страна што ќе гарантира дека овој контролор знае да проценува кој е доверлив. Точно од овој тип парадокси произлегуваат сите трагикомични места во досието.

Татко ми вели дека пишувал книги, а сега имал напишано некоја книга за македонски печалбари, му била отпечатена во Загреб и од тоа земел доста добра пара. Но гледате, татко ми нема напишано ваква книга, а бидејќи не знаеме кој е информаторот може да шпекулираме со разни можности. Еве една можност. Татко ми е растен по интернати и домови. Немал ништо, сè што имал е талентот за поезија. Можеби информаторот живеел угодно, можеби налето одел во Хрватска, можеби го презирал татко ми, можеби неговата сиромаштија му раѓала садистички импулси. Татко ми успеал да обезбеди некаква егзистенција за себе и сега решил да измисли книга во Хрватска. Како поет, можеби навистина во главата имал книга што замислувал еден ден да ја објави во Хрватска. Секој поет е помалку Минхаузен. Тоа што не ја зборува објективната вистина, не значи дека неа ја нема. Кога Дон Кихот во една ветерница гледа зол џин, не значи дека џинот го нема.

Но разврската е таква што во оперативната белешка, инспекторот бара: поопширно да се проучат врските на татко ми со Хрватска.

„Тој и самиот сумља на неговите вези со Загреб и воопшто Хрватска“.

Гледаме како Загреб станува Хрватска, како отпечатената (непостоечка) книга станува веза итн. И двете страни продуцираат поезија, со таа (минимална?) разлика дека едната поезија (на поетите) е наменета да ја поттикнува фантазијата на слушателите и читателите. Другата “поезија”, на ДБК, е, во најмала рака, сомнителна. Она што станува јасно од овој краток извештај од досието на татко ми од 1961 е дека македонскиот културен простор бил поклопен од еден систем на контрола кој суштински верувал во извесноста на субјектот, во извесноста на нешто така комплицирано како однесувањето на субјектот.

Информаторот и контролорот се однесуваат како да имаат капацитет да го сознаат другиот. Тие имаат бескрајна верба дека имаат способност да продрат, да проникнат во другиот. Информаторот и контролорот се однесуваат како да имаат капацитет да го сознаат другиот. Тие имаат бескрајна верба дека имаат способност да продрат, да проникнат во другиот. Каква е оваа семожна компетенција предадена во рацете на информаторите? Кој им ја дава? Па, им ја дава само тој што може да им ја даде – системот на контрола. Не е важно што субјектот на следење, како и секој друг субјект по себе е, всушност, бескрајно комплициран. Важно е дека кодошите, што ја придвижуваат машинеријата на контрола, веруваат во такво нешто како извесноста на субјектот. Субјектот на следење, како и секој еден субјект на овој свет, во своето моментално однесување, може да биде воден од желба за фалење, од желба за жалење, од потреба да се претстави дека е подобар одошто е, дека е полош одошто е, дека е различен одошто е. Всушност, тој субјект е секогаш веќе толку комплициран што нема такво нешто што ќе гарантира дека објаснувањето за однесувањето на еден човек ќе биде објективно. Но, оваа вистина не е важна за невидливите структури на моќта. Кодошот, со други зборови, е субјектот за кој се претпоставува дека знае (sujet suppose savoir) на Лакан. Тој е носител на преносот. Кај него има недостаток од критериуми, но тој недостаток кодошот убаво го заменува со церемонии, со симулации.

Како што вели Кафка: “Одреден степен на вистина можеби може да се најде само во хор.” Кодошот е можен таму каде што има хор на кодошиКако што вели Кафка: “Одреден степен на вистина можеби може да се најде само во хор.” Кодошот е можен таму каде што има хор на кодоши. Нема ништо од онаа страна што го гарантира ополномоштувањето на овој кодош за да ги извршува задачите што му се поставени. Но довербата не е потребна, таа се врти околу извесноста на системот, системот ја гарантира таа желба на кодошот да му служи на системот. Од почеток до крај, овде ништо не води суштински до знаење (за овој кодошен, за нашиот “случај”, за татко ми, за Јован Котески), ништо никогаш нема да ја “фати” вистината за него, туку само неговата извесност пред системот, а неговата извесност се вика – виновен е штом го набљудуваме! Ние би биле глупави да губиме време. Не, ние ќе направиме се’ за да ја оправдаме логиката од своето постоење. Затоа тој мора да настрада. Треба да заврши во Идризово. Треба да ја докажеме неговата исконска вина. Фактички не мора ниту да ја докажеме, доволно е што е веќе заведен како сомнителен во нашиот сложен систем на контрола и набљудување. Нашиот конечен доказ е нашето набљудување. Точно затоа никогаш не смее да се случи ликвидација на набљудувањето – тоа треба да трае најмалку колку што ќе трае нашиот систем! Набљудувањето и кодошот како негов носител се патерицата со која оди нашиот систем.

Најново од: Досиеја

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

Што видел Ниче Димовски-Македон додека седум дена бил во кома?

Во 1997 година, на 33-годишна возраст, Ниче Димовски-Македон, по тешка операција на хранопроводот во Германија, паднал во кома која траела седум дена. Преживеал, а подоцна пишувал за своите сеќавања од „другиот свет“. Години подоцна јавно изјавил дека доживеал клиничка смрт и дека имал необични визуелни слики, меѓу кои и визии поврзани со гробот на Александар […]

Членска книшка на Македонски женски сојуз од 1926 до 1934 година – сведоштво за стремежот кон слободна и независна Македонија

Членската книшка е печатена во Бугарија, а оригиналниот текст е на бугарски јазик и со тогашниот бугарски правопис, бидејќи женската организација била формирана и дејствувала во Бугарија. Македонскиот женски сојуз бил организација на жени бегалци од Македонија, формирана во Бугарија. Дејствувал во периодот од 1926 до 1934 година и одржувал контакти со ВМРО. Во почетокот […]

Вистината за „Сина птица“ – (Документи)

Патриоти вовлечени во опасна игра и видеокасетата што случајно ја откри аферата Аферата „Сина птица“ од 1992 година не може да се разбере ако се гледа само низ една видеоснимка или еден состанок во Кочани. За да се разбере што навистина се случуваше, мора да се вратиме во годините кога Југославија се распаѓаше, кога во […]

Тајните досиеја сведочат: Мане и Гојко Јаковлески членови на ДООМ под надзор поради македонската кауза во Берлин

Транскрипција на службена белешка од 16 октомври 1978 година РСВР на СРМ СДБ – Скопје Испостава на СДБ Струмица [прецртано] Струмица, 16.10.1978 год. Евиденција бр. 132/18-266 17.10.1978 год. СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА Извор: [прецртано] Објект: Емиграција Лица: Гојко Јаковлевски, емигрант во Берлин Мане Јаковлевски, емигрант во Берлин Стојан Ковачев од Струмица, на привремена работа во Париз – […]

Архивски документ: Љупчо Георгиевски го овластува Мане Јаковлески да ја претставува ВМРО-ДПМНЕ во Европа

ВМРО – Демократска партија за Македонско-национално единство Централен управен одбор Бр. 224/92 30.10.1992 год. Скопје ИЗВРШЕН КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ Скопје РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Рег. бр. 38 [нечитлив знак] 3552/1 ГУВР–Скопје ПРЕДМЕТ: ПОЛНОМОШТВО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (Република Македонија), има чест да го ополномошти г. Манол Јаковлески (роден на 1.02.1951 год., во Гостивар, Република Македонија), кој сега […]

To top