Досиеја

Реакција на „Македонска заедница за Берлин“ за однесувањето на Вранишковски

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО САС НА МПЦ ОД МАНЕ ЈАКОВЛЕСКИ

25 јуни 2002 година, Берлин, СР Германија –

Мане Јаковелски, основач на МПЦО „Свети Климент Охридски” во Берлин и еден од првите основачи на Европската Епархија на Македонската Православна Епархија, до Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и до Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква упати отворено писмо преку средствата за јавно информирање, во врска со најновите случувања во МПЦ околу повардарскиот митрополит, во кое се вели:

„- Ваше Блаженство, Ваши Високипреосвештенства, вчудоневиден сум од предавството на еден таканаречен владика, кој си зеде за право да ја оспорува Македонската Православна Црква – вековен бранител на македонскиот национален идентитет и неканонски Повардарската епархија на МПЦ да ја воведува во Српската Православна Црква, прогласувајќи ги Македонците за фашисти.

Во таа смисла, апелирам до Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, на чело со Неговото Блаженство г.г. Стефан, да го расчини овој тројански коњ во Македонската Православна Црква, кој повеќе од очигледно е дека сака да предизвика раскол во МПЦ и меѓу македонскиот народ.

Му давам целосна поддршка на Неговото Блаженство г.г. Стефан, митрополитот Кирил и сите чесни македонски архиереи и свештеници и ги повикувам на единство во осудата на ова велепредавство, затоа што само така може да се брани и одбрани честа на Македонската Православна Црква и достоинството на македонскиот народ!

Доколку овој случаен владика не биде расчинет, Македонската Православна Црква ќе биде соочена со најостри протести од нас Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет, исто како што го дигнавме гласот во деведесеттите години по целиот свет за самостојна Македонска држава!

Искрено се надевам дека не ќе мора да се конфронтираме со САС на МПЦ, верувајќи дека архиереите на МПЦ ќе ја доведат Повардарската епархија во црковниот уставно-правен и канонски поредок на МПЦ.

Ако минатата година бевме соочени со нападите врз Македонската државност од страна на терористичката ОНА, оваа година сме соочени со нападите од еден црковен јуда чие име меѓу Македонците и во МПЦ не е достојно ниту да се споменува.

Се надевам дека ќе надвладее разумот меѓу архиереите на МПЦ и дека овој предавник на нашата Света Црква ќе биде расчинет и протеран од МПЦ,” – се вели на крајот од отвореното писмо на Мане Јаковлески до САС на МПЦ.

Најново од: Досиеја

Одржан семинар за Македонија во Берлин

Берлин, 08.09.95 Во преполната сала во Ратхаус Шенебер – седиштето на поранешната Берлинска влада, се одржа семинар на тема „Македонија на пат кон Европа“. На семинарот зедоа учество дипломати од неколку амбасади и тоа: Кина, Египет, Русија, Британија, Словачка, Чешка, Бугарија, Хрватска, Шведска, Индонезија, Франција, Италија, Словенија, Полска. Исто така на семинарот во Берлин присуствуваат […]

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

To top