Дијаспора

Од патувањата по светот – Индија (5)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“)

СВЕЧЕН ПОГРЕБ ЗА ГОЛЕМАТА МИСИОНЕРКАТА

Легендарната мисионерка Мајка Тереза е добитник на Нобеловата награда за мир, на награ­дата УНЕСКО за придонес во образованието, на индиската награда „Џавахарлал Нехру“, на на­градата „Универзална мајка“ и на многу други на­гра­ди и признанија. Меѓутоа, за Мајка Тереза нај­го­лема награда и признание претставуваше мо­мен­тот кога некому даваше помош. Таа беше една од оние кои се борат да се надмине сиромаштијата и бе­дата што му се заканува на човештвото. Затоа, ја за­служи почитта за нејзината хумана истрајност, за да стане легендарна мисионерка.

Погребот на Мајка Тереза се изврши во Калкута, каде по богослужбата во црквата „Свети Томас“, всушност, започна погребната церемонија. Име­но, колата со ковчегот на Мајка Тереза влезе во преполнетиот затворен стадион Нетаџи, кој, иако пре­полн со илјадници лица и високи државни функ­ционери, кралски и дипломатски претставници, за момент се исполни со тишина, како израз на ис­клу­чителниот респект кон животот и делото на го­ле­ми­­от хуманист кој целиот свој живот го посвети на си­­­ромашните, на кои им подари добрина и љубов.

Свечената церемонија се одликуваше со од­лич­на организација на индиските власти, кои на Мај­ка Тереза £ приредија државен погреб, со ис­клу­чи­тел­на љубов. Бе-лите букети цве­ќе, аранжирани ненаметливо, едноставно, а сепак до­­минантно, каков што беше и животот на леген­дар­­ната мисионерка. Меѓу многуте светски деле­га­­ции се наоѓаа премиерот и претседателот на Индија, пр­вата дама на САД, Хилари Клинтон, кралицата Нор од Јордан, првата дама на Франција, леди Бернадет Ширак, сопругата на премиерот на Канада, Алин Кретјен, Соња Ганди, војвотката од Кент, прет­се­да­те­лот на Албанија, претседателот на Гана, повеќе ми­нистерски делегации, поранешната кралица на Бел­­гија и др..

kuka-na-majka-tereza
Куќата на Мајка Терeза во Скопје

Свечената церемонија на која присуствувавме за­врши по 3,5 часа кога македонската делегација во името на целиот македонски народ и на државата – Република Македонија положи венец во знак на по­­чит од македонските граѓани, а особено на скоп­јани, чија сограѓанка беше Мајка Тереза. Последен поз­­драв на благодарност од сите присутни и од сите оние кои ја сакаа и £ оддадоа признание, упати неј­зината наследничка сестра Нирмала. Таа, меѓу дру­гото, нагласи дека животот на Мајка Тереза прет­ста­вувал „жртва, молитва и љубов за сите, особено за најсиромашните од сиромашните“.

На крајот свечената церемонија заврши со мо­лит­вени песни кои ги пееја хорот на мисионерките од нејзиниот ред, а потоа телото на Мајка Тереза беше однесено до нејзината Куќа на милосрдието во центарот на Калкута. Во овој десетмилионски град подолго време се чувствуваше присуството на Мајка Тереза, нејзините слики, нејзините молитви, нејзиното дело…

Во текот на престојот, делегацијата од Репуб­лика Македонија имаше одвоени средби со ми­нис­терот за правосудство и законодавство на Западен Бенгал и со градоначалникот на Калкута. На двете средби се разговараше за можностите за развој на соработката меѓу Република Македонија и Индија, како и на градовите Скопје и Калкута. Притоа, беше истакната потребата од обновување на некогашните врски, контакти и можности за вклучување на Ре­пуб­лика Македонија за посматрач на Движењето на не­врзаните. Исто така, беше покрената и ини­ци­ја­тива за збратимување на градовите Скопје и Кал­кута и за поставување спомен-плоча на гробот на Мај­ка Тереза во Калкута, на која би било одбележано дека таа е скопјанка од Република Македонија, на која граѓаните од Скопје и‘ изразуваат почит кон неј­зиното големо дело што таа го направи, а светот тоа знае­ше да го цени и почитува.

Инаку, оваа исклучителна жена, која беше прогласена за најголема хуманистка на XX век, припаѓаше на Скопје, Калкута и на целиот свет. Но, за време на една од неколкуте посети на Скопје во 1980 година, запрашана дали по националност е Македонка, Влаинка, Албанка, Србинка или нешто друго, изјавила на начин типичен за нејзиниот животен стил: „Се чувствувам како граѓанка на Скопје, мојот роден град, но му припаѓам на светот, во исто време“.

Бевме исполнети со задоволство од посетата на Ин­дија, но бевме тажни зошто таму отидовме поради тажниотнастан. Задовол­ството беше ­големо кога слетавме на аеродромот „Хитроу“ во Лондон, а оттаму се упативме кон Македонија за да го заокружиме нашето па­тешествие по еден голем дел од светот, од Калкута преку Лондон до Скопје. Слич­­но па­тување имала и Мајка Тереза која за­се­ко­гаш за­минала во спротивна насока, од Скопје преку Ирска до Калкута, а оттаму во вечноста.

majka-tereza-spomenik
Споменикот на Мајка Тереза во Скопје

Крај

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top