Дијаспора

Почит кон македонскиот крал Персеј

slave-katin

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

За нас Македонците Рим е важен бидејќи се смета дека споменикот кој му бил подигнат на последниот македонски крал Персеј се наоѓал на западната градска некропола на околу 3 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија, каде е поставена  масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце, подарок од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски

Посетата на Ватикан секогаш буди пријатни чувства, но овој пат и средбата со папата Јо­ван Павле II оставија неизбришливи траги во се­ќа­вањето за сè она што го видовме, почувствувавме и доживеавме. А, таму, во градот кој е и држава – Ватикан, има што да се види, да се научи, да се прошират видиците, сознанијата, да се збогати духовното жи­вее­ње… Оваа самостојна папска држава со површина од 44 хектари е лоцирана во центарот на Рим, сместена на десниот брег на реката Тибар, оп­кру­же­на со ѕидови. Во минатото Ватикан постоел како со­бир на папските згради и цркви, а од 11 ноември 1929 година постои како самостојна држава. Ватикан има своја железничка станица, радиостаница, ПТТ служ­би, монетарен систем и друго, во кој има формално нео­граничена власт. Ватикан како др­жа­ва има дипломатски односи со голем број земји во светот, меѓу кои и со Република Македонија. Тоа е особено изразено со Маке­дон­ската пра­вославна црква, која долги години одржува вер­ски посети во текот на праз­­нувањето на гробот на свети Кирил.

Ватикан го има папскиот дворец што е изграден во 1146 година, а во состав на дворецот по­доцна се изградени бројни згради во кои се смес­тени: познатата библиотека, архивата, музејот и други простории, во кои се чуваат ретки уметнички и културни вредности од египетската и античката кул­тура, до највредните дела од минатиот и овој век. Ме­ѓу нив има и бројни историски предмети од минатото и уметнички дела од сегашноста на Македонија. Под ватиканска управа има 13 цркви и други установи во Рим, кои заедно со Ватикан прет­ста­вуваат организациски центар на Римока­то­лич­ката црква.

Рим плени. Неописливо е чувството од онаа чудесна мешавина на старото и новото. Покрај духот на историјата, кој го носи како белег на своето постоење, Рим динамично и впечатливо живее како ев­роп­ска метропола и како главен град на Италија. Кога сон­цето ќе почне да заоѓа зад хоризонтот, ноќта свечено настапува на сцената осветлена со илјадници рефлектори, лам­пиони, разнобојни рекламни паноа и блескави из­лози. Во луксузните продавници на Виа де Кондоти и Виа Венето ис­паруваат скапоцените парфеми. Кафулињата, ре­сто­раните и дискотеките се полнат со бројни туристи секогаш во чекор со модата на самите римјани. На крајот на пре­крас­ната Виа де Кондоти со својата убавина блеска и Шпанскиот плоштад со огромни скалила за кои ве­лат дека се вистинско место за „безделничење“. На овој плоштад се одржува една од најат­рак­тив­ни­­те модни ревии во светот.

persej
Македонскиот крал Персеј

Рим може да се доживее и на друг начин. Да се почувствува преку мирисот на морето и ка­ка­фо­­нијата на какви се не јазици на дојденците, или можеби преку хаотичниот сообраќај. Или, пак, едностав­­но, да уживате во темпераментот на Ита­ли­јан­ците. Рим се и илјадниците веспи и убавите девојки на нив. Рим се и тортелините, и пиците, и лазањите, и шпагетите, и виното, и…

Инаку, за нас Македонците е, исто така, важен Рим, бидејќи се смета дека споменикот кој му бил подигнат на последниот македонски крал Персеј се наоѓал на западната градска некропола. Споменикот бил на околу 3 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија, каде е поставена  масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце, подарок од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, на која на македонски, англиски и италијански јазик пишува: 

ПЕРСЕЈ
КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА
ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Чинот на поставувањето на спомен-плочата, всушност, претставува темел за обнова и продолжување на македонското кралство. Со тоа се потврди ширењето на корените на античка Македонија до вечниот Рим и продлабочување на добрите односи и релации меѓу денешните две држави Република Италија и Република Македонија.

Таму географскиот амбиент наликувал на македонскиот пејзаж. Кон југозапад и југ се  протегале разбрануваните ниски ридови и рамнината на пресушеното Фукинско Езеро кон југоисток. Кон север по неколку километарската висорамнина, која наликувала на Пелагонија, речиси наеднаш високо во облаците се издигнувал дури до 2.487 метри замаглениот планински врв Велино, со околните врвови Кафорнија (2.409 м) и Севиче (2.331 м). Амбиентниот колорит бил типично медитерански, би се рекло дури и балкански.

dzordz-atanasovski-slave-katin

Според археолозите, пак, самиот објект – споменикот бил оформен во цврста малтерна техника, со средно големи варовнички камења. Тој бил во форма на доминантна кула, според стара фотографија која, за жал, се урнала во силниот земјотрес кој се случил во 1915 година. Денес, се зачувани остатоците од долниот дел, кои по малку наликувале на фигура на слон, што секако е случајно. Во урнатините до споменикот се гледал и дел од една покривна ќерамида-тегула, коринтски тип, што дати-рал од подоцнежно време. Се претпоставува дека токму остатоците од тој споменик се на кралот Персеј и дека се темели на неговата монументалност и местоположба.

Инаку, по изминати речиси 22 века, се знае дека тогаш Персеј имал само 13 години, кога како македонски принц јавал на чело на дел од македонската армија кон пелагониските теснеци, кај прилепското село Барбарас, каде го запрел пробивот на дардански теорди. Долг е списокот на херојските подвизи на Персеј и на војската на Македонците за одбрана на македонската цивилизација и на Кралството Македонија. 

Се вративме од Рим во вечерните часови кога сонцето тонеше кон запад и кога на аеродромот „Петро-вец“ се спушташе ноќта. Авионот како орел го надлету-ваше градот од кај Водно, за потоа да направи полукружно движење кон Велес и за неколку минути да се најде кон пистата од јужната страна. Потоа, авионот силно зачкрипи на пистата и за миг се најде спроти пристанишната зграда на аеродромот „Петровец“, од каде се приклучивме кон реката автомобили што се движеа кон Скопје.

Монографијата за Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, донаторот за истражувањето на македонскиот крар Персеј, чиј автор е Славе Николовски-Кати, е издание на „Македонска искра“, „Македонско сонце“ и „ТВ Сонце“, Скопје, 2012, 1-468 (на македонски и англиски јазик) и делото  “Балканот и Македонија“ од академик Антоније Шкокљев – Дончо, Славе Николовски – Катин и Ристо Стефов е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2014, 1-308 (на англиски јазик).

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top