Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (36 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со религијата

И Херакле бил славен во Македонија како посебен македонски бог, а таков бил случајот и со божицата Зеирена (која имала засебни македонски епитети), а по својата содржина потсетувала на грчката Афродита.

Близу реката Струма била славена и божицата Бендида, а во повеќе места на Македонија биле славени и змијоликите божества Драко и Дракена.

Меѓутоа, и покрај овие сознанија, во книгата на Петер Крис под наслов “Александар Македонски” (цит. дело), авторот целосно стои на страна на грчката пропаганда, третирајќи ги античките Македонци како “Грци”. Овде читаме:

 “Античките Македонци зборувале форма на грчки јазик и верувале во грчките богови”. на англиски – (“The Ancient Macedonians spoke a form of Greek and worshiped the Greek gods”.)

Во врска со наводниот “грчки јазик” што го зборувале Македонците ќе кажеме дека тоа е обична бесмислица, а докази за ова веќе наведовме (и тоа од антички грчки извори, кои тврдат дека Македонците зборувале на посебен јазик во однос на Грците).

 Што се однесува до т.н. “грчки богови”, познато е дека тоа биле општо балкански богови, кои се славеле од разни народи на Балканот (и пошироко). Најновите истражувања на т.н. “грчка митологија” покажуваат дека Грците во неа имале само мал удел. Така, на пример, за над 80% од античките автори на делата од оваа митологија не биле никакви Грци.

Воедно и голем дел од ликовите на оваа митологија немале грчко потекло (за сето ова подетално во книгата “The Descendants of Alexander the Great of Macedon” od Aleksandar Donski, Stip, Sidnej, 2003).На стр. 11 авторот Крис продолжува да ги лаже читателите, па вели: “Филип станал најбогатиот владетел во Грција”. (На англиски: “Philip became the richest ruler in Greece”.).

Практично Крис го користи терминот “Грција”, иако таква држава или облик на политичко уредување во антиката воопшто не постоела. Првата држава Грција е создадена дури во 19 век.

Сепак, на стр. 50 од својата книга, Крис ја споменува изјавата на Демостен, во која за Филип Втори е потенцирано дека не е Грк, туку “барбарин”.

Во книгата на Вернард Рандал, под наслов “Александар Велики – Македонски крал и освојувач – лидер на античка Грција” (“Alexander the Great – Macedonian King and Conqueror – Leader of Ancient Greece”), на стр. 7, за Александар Македонски, читаме:

 “Тој верувал за себе дека е син на Зевс, кралот на грчките богови”. (На англиски: “He believed himself to be the son of Zeus, the king of the Greek gods..”)

Ваквата глупост навистина ќе предизвика смеа кај сите што малку се разбираат од античката митологија. Како прво Зевс не бил никаков “крал на грчките богови”, туку според митологијата, тој бил врховно божество.

 Како второ, оваа митологија не била “грчка”, туку им припаѓала на сите балкански народи и пошироко. Во неа се застапени елементи од многу култури.

Авторот Шон Шехан  во својата веќе цитирана книга, на стр. 106 за планината Олимп пишува: “Планината Олимп, дом на античките грчки богови и божици.” (На англиски: “Mount Olympus – a home of the ancient Greek gods and goddesses”).

Пак ќе спомнеме дека тие богови не биле само “грчки”, а што се однесува до планината Олимп, античкиот географ Страбо сосема јасно ја опишал оваа планина како “планина во Македонија”. Авторката Ема Станфорд, во својата цитирана книга, пишува дека во Мала Азија Александар Македонски им оддал почит на “грчките херои” од Тројанската војна, иако тогаш етнонимот “Грци” не постоел.

Практично и во презентирањето на митологијата, т.е. религијата од страна на современите западни автори, може да се заклучи истото што го напишавме и во врска со историјата, јазикот и културата.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top