Дијаспора

Никој нема да види аир од Грчките подмитувања и интереси

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Богами, тежок шамар и боли многу. Им зујат ушите на Грците. Си го бараа. Искрените и нормални Македонци во дијаспората не се изненадени од Петар Ристевски, за разлика од контрашите кои се сокрија некаде и не коментираат, но тие се само малкумина.

Во Австралија Петар Ристевски, јас , Владиката Петар и сите други кои од оправдани причини не можам да ги набројам… ја тераме линијата на непопустливост за Македонските прашања и интереси со голем пиетет и гордост на нашето потекло. Тоа им го рече Петар Ристевски во општината Ливерпул каде е тој заменик градоначалник и побара Македонскиот јазик, Македонија и официјалните документи од Македонија да престанат да се означуваат како ФУРОМ, зошто е навредливо и нему и на сите Македонци им дојде преку глава од вакви лакрдии и малтретирања. Кој бара, ќе добие.

Значи, семожело нешто ако се сака. Паралелно со ова, се поставува прашање, што правеле и ќе прават и другите Македонски преставници во Владата и општините низ Автсралија? Се уште Македонците паметат кога еден Македонски градоначаник на општината преполна со Македонци, го бакнуваше Грчкото знаме на денот на Грците, а ништо нема за Македонија направено, дури трча во Македонија да се слика со сите од Премиер, Председател, Поглавар, па се така до чистачот Перо. Дали интересот нивни со Грчките групи и лоби доаѓаат до израз, не е тешко да погодите од два пати.

Запомнете : Заедно со Петар Ристевски им го припремаме шамарот на векот на Грците. Да се запомни и да остане во историјата и со кого тие се играа сите овие години. Даваме ветување дека најкасно во рок од две години ќе добијат шок, ќе пискаат, врискаат и се ќе им наплатиме. Тој момент ќе го објавиме за прв пат овде во Македонска Нација. Може да се случи за два месеци или за дваесет. Сеедно, но ќе се случи. Другите дали ќе спијат или ќе се со Нас, не е важно. Важно е дека Македонија ќе празнува тој ден, како што е ова само мал почеток со општината Ливерпул.

Во четврток напладне, Петар ќе дојде во Скопје, па низ Македонија ќе има некои бизнис контакти и средби. Пречекајте го, дајте му малку сила да работи за Македонија повеќе. Дури бизнис и работни места ќе понуди на Македонија и Македонците, па со среќа нека е… а кога ќе се врати, со полна пареа ќе работиме на ветеното.

Овој гест и шамар на Грците нека биде поттик на сите Македонци низ цел свет каде и да се и во било која Влада или општина, да тргнат по примерот на Петар и да бараат како него сите официјални документи да се означуват како Македонски и да се признава Македонија под уставното име. Никој нема да види аир од Грчките подмитувања и интереси.

На крај, би ве замолил во иднина кога некој ќе доаѓа и ќе се преставува како голем Македонец, потсетете го овој случај и ако не се на исто ниво, кажете им да престанат да трошат црковни или друштвени пари и сами да си ги плаќаат трошковите за престој таму и што е најважно дека ни дојдоа преку глава од такви “патриоти” што ги кочат правите Македонци да си ја вршат должноста, да придонесуваат за Македонија.

aleksandar-dzepovski-dokument-1

aleksandar-dzepovski-dokument-2

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top