Дијаспора

30 годишен јубилеј од издавањето на зборникот „Видици“

vidici1

vidici1

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ пред 30 години го издаде зборникот поезија „Видици“ и со тоа ја започна својата издавачка дејност во Австралија. За овој период се имаат објавено повеќе од седумдесет наслови, а со тоа се вбројува како најголем македонски издавач во дијаспората.

Иако литературното друштво веќе постоеше неколку години и редовно го издаваше своето списание „Повод“, членовите имаа голема желба да се започне со издавачка дејност на книги од самите членови. Тој сон се оствари во 1984 година кога професорот д-р Ѓорѓи Сталев престојуваше во Сиднеј како професор во размена. Во овој период исто така Д-р Сталев припреми и издаде три учебници наменети за потребите на Македончината за изучување на мајчиниот јазик. После првото издание на „Видици“ во кое беа вклучени 31 поети од Австралија следеше и второто дополнително издание во 1988 година во кое беа застапени 36 поети. Второто издание се издаде во Скопје преку издавачот Современост. За неизмерната помош што професорот Сталев му ја даде на Литературното друштво тој беше прогласен за почесен член на истото, а со тоа стана и неразделен член, потпомагател, рецензент и ментор.

Ете овие беа бурните дискусии што ги имав со професорот Сталев при посетата во неговиот гостопримлив дом во Скопје во 2014 година. Се присетивме на дружењето и работењето во Друштвото „Григор Прличев“, припремањето на песните и издавањето на зборникот како и припремање на десетина други рецензии за книгите што следеа и се издадоа. Тука беше неговиот внук, сопругата и неговата 102 годишна мајка. Беше воодушевен од работата на Друштвото и долгогодишната издавачка дејност посебно од можноста за последните три децении да биде дел од она што го твориме во дијаспората. При разделбата ми ја наполна торбата со негови книги за Библиотеката „Григор Прличев“ со желба да се шири и негува македонскиот јазик во Австралија.

Душан Ристевски

vidici2

vidici3

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top