Дијаспора

Лидерите и раководствата за осамостојување на Македонија заборавени!?

ЛИДЕРИТЕ И РАКОВОДСТВАТА ЗА ОСАМОСТОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД ТРЕТИОТ ИЛИНДЕН ИАКО ПОВЕЌЕТО ОД НИВ СЕ ПОКОЈНИ НЕДОЗВОЛЕНО БЕА ЗАБОРАВЕНИ!?

Скоро никој од македонската диаспора, специјално од македоските политички организации, културнопросветни асоцијации, Епархиите на МПЦ-О.А. и слични црковни општини, како и познати интелектуалци од организациите за Македонски човекови права, не организира потребна свеченост-чествување за Денот на независноста на Република Македонија, на 8 септември 2015 година-ТРЕТИОТ ИЛИНДЕН!?

Со гордост и голема почит ке ги спомнам само поедини најблиски соработници на Драган Богдановски, кои се покојни и кои некои од нив не го дочекаа осамостојувањето-Третиот Илинден: Драган Богдановски (1929-1998); Благоја Шамбевски Шамбе ( 1921-1974); Панко Стамкоски (1938-2007); Михаил Шариновски Солунски (1932-1999), Крсто Шкодров (1944-2005), Ристе Блажев Ристески (1931-2000); Крсто Јенчев Димитров (1912-2003), Јонче Трајчевски (…-2015) и други заслужни патриоти и борци за осамостојување на Македонија.

Во продолжение, ке се полсужиме од информации од поедини Македонски медиумски изданија, каде провизионално, а некаде и достојно според условите, се прослави 24 –годишнината од осамостојувањето, кое беше изведено преку референдумот на 8 септември 1991 година.

Во еден напис стои: “Македонската заедница на Мелбурн достојно го прослави денот на независноста на Република Македонија, во центарот на Мелбурн, Викторија, Австралија”.

Прославен Денот на независноста на Република Македонија, на плоштадот во Мелбурн, Австралија (Федератион Сљуаре) на 8 септември 2015 година, во организација на УМС ВМРО-ДПМНЕ, со претседателот Сашо Наумовски и пратеникот Васко Наумовски, кој е пратеник во собранието на Република Македонија, од изборната единица за Австралија и Азија. На нив им се прикључиле Македонскиот конзул, Бети Коруновска , МПЦ и Македонскиот совет за Викторија, раководена од претседателот Александар Мојсовски. Нема повеке информации иако неколку организации учествувале со минимален број на членови и на Македонски иселеници, каде не се спомнал Третиот Илинден и заслужните патриоти, барем починатите од диаспората, а И неколку од Македонија!

Исто така без текст стои: Здружението “Антички Македонци” од Перт, Западна Австралија, го прославиле Илинден 1903, во одганизација на претседателот Александар Шапкаровски.

Во Фејзбук: од македонската новина: Македонско знаме се разви пред парламентот на Онтарио во Торонто, во чест на независноста на Република Македонија , од страна на  Генералнит  конзул на Република Македонија. Во Квинс Парк имало бројни Македонци и Македонски здруженија. Притоа честитки испратиле и спикерот на парламентот на Онтарио Дејв Левок. Така лидерот на Прогресивната Конзервативна партија на Онтарио Патрик Браун и конзулот на Р.М. во Торонто Александар Стојковски. На присатните им се обратил и членот на Канадскиот Парламент Боб Бејли, Вера Белчевска, претседателка на Црковниот одбор на С. Климент Охридски исто и Мендо Балаковски од ОМД.

На споменикот на паднатите борци, во Ред Клиф, Квинсланд, Австралија, а во чест на починатите лидери, членови на раководства на Македонски политички организации од диаспората, како и на членството и помагачите –симптизери на МНК, МОК, ДОМ, ДООМ, ТНМРО, НМРО, НОФМ, ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ, авторот на овие редови и современик и соработник на поменатите, им одаде почит за нивната пожртвуваност и оданост кон Македонското дело, за осамостојувањето на Република Македонија-Третиот Илинден.

Горните информации се недоволни и мизерни, ако се земе бројноста на патриотите кои го помагаа македонското движење, преку познатите Македонски политички организации, од е Втората светска војна до осамостојувањето и понатаму до денес.

Не смее да се запоставува работата околу признавање на Драган Богдановски и неговите најблиски соработници од диаспората, кои се бореа за Трет Илинден –за осамостојување и обединување на Македонија и македонскиот народ.

Нели реагираме за неизвинувањето на Киро Глигоров, дека бил во заблуда и недоволно информиран, кога пред цел свет во Обединетиоте Нации, во Април 1993 година, кога се примаше Македонија за цленство. Тој тогаш рече дека ние македонците сме биле Словени дојдени од позади Карпатите!? Ние Македонците во диаспората, од тогаш него не го почитуваме, зошто и во тоа време на првите години од независноста, имавме факти и историјски податоци дека нашето постоење е од праисторијата и античкиот период на ови денешни простои на Македонија. Така првата генерација на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во СР Македонија, ја состави идеологот Драган Богдановски, набрзина, по грешка го постави и подржа незрелиот 24 годишен Љубчо Георгиевски. Во тоа време Богдановски, немаше контакти со Македонски интелектуалци во Македонија, кога се пушти од 11 годишна робија од Идризово, кои требаше да раководат со ВМРО-ДПМНЕ. Интелектуалците скоро сите беа или членови нас СКЈ-СКМ, на МААК или незаинтересирани за осамостојување на Македонија. Ние од диаспората-иселеништвото бевме далеку, исто така недоволно информирани за положбата за патриотските квалитети на првата гарнитуре на партијата, која званично се оснива во Македонија на 17 јуни 1990 година во Скопје. Така покасно се открија бугароманите и криминалците, кои по грабањето на народните имања, со денационализацијата, од страна на бившите директори на фирмите и фабриките, членови на СДСМ, а потоа тие имања што остана, поедини најблиски на Георгиевски ги дограбале. Така, покрај поедини лопови СДСМ-овци и самиот Георгиевски станаа милионери!?

Јанко Томов

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top