Дијаспора

Продолжување на старомакедонските традиции и обичаи во Канада (8)

slave-nikolovski-katin-2

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД АКТИВНОСТИТЕ ВО МПЦ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО

Уште во 1968 година, во метрополата Торонто, започна да се организира една интересна манифестација под името „Карван на нациите“, на која, пред сè, со свои национални вредности се претставуваа десетици нации што живеат на тие простори. На самиот почеток, македонската заедница влезе во натпреварувачкиот дел со павилјонот „Скопје – Солун“, кој постојано место имаше во просториите на храмот „Свети  Климент Охридски“.

Оваа значајна манифестација обично се одржувала во текот на јуни и траела десетина дена. Освен декорот со фолклорни мотиви, атмосферата во павилјоните ја сочинувале и други национални достоинства, меѓу кои и сценска уметност. Се чини дека одличната кујна и вонредните настапи на македонските фолклорни групи придонесоа македонскиот павилјон „Скопје – Солун“ да биде многу посетуван. Во тоа македонско катче се продавале многу вкусни национални кулинарски специјалитети и пијалаци што ги подготвувале и ги сервирале вредните раце на Македонките, нашироко познати со своите пити, погачи, зелници, печива, па вкусното тавче-гравче, ајварите, пинџурите и другите деликатесни јадења, кои со задоволство ги консумираа посетителите. 

Во 1993 година се прослави 25-годишниот јубилеј на манифестацијата „Карван на нациите“. За претседател на павилјонот „Скопје 1993“ беше избрана Вера Јанкулова, а во одборот беа Јане Берибаковски, Сашко Поповски, Дана Скотланд и убавицата на павилјонот, Весна Крклински. Тие, заедно со членовите на Управата и на Женската секција при црквата „Свети Климент Охридски“, а посебно со настапите на Ансамблот „Македонка“ и на Играорната група „Солунски бисери“, беа вистински амбасадори и афирматори на македонската старокрајска кујна, на националните и на културните вредности донесени од Македонија во Канада.

sv-kliment-toronto
Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Торонто

Голем и прекрасен еднонеделен празник беше тоа на македонските богати обичаи, традиции и толку богати трпези преполни со роднокрајни специјалитети. „Карванот на нациите“ беше навистина карван што тече како река. Илјадници љубопитливци, намерници, пријатели, Македонци од сите деклови на етничка  Македонија, луѓе од сите бои и нации дефилираа во тие дни низ павилјонот „Скопје-Солун“ и во Македонската национална црква „Свети Климент Охридски“ вриеше како во кошница.

На „Карванот на нациите“ се гледаше една цела галерија ликови и личности од сите бои и вери како доаѓаат во македонскиот храм и како со задоволство ги пробуваат македонските специјалитети. Вредните раце на Македонките кои се неуморни прават чуда и ги освојуваат пребирливите реки луѓе што беа најубаво угостени и удостоени со љубезноста на домаќините во храмот „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Нивните впечатоци беа чудесни. Тие изрекуваа најубави комплименти на адреса на македонската гостопримливост. Уште кога ќе се додаде и тоа дека ваквите прекрасни денови беа дополнети со настапите на македонските играорци и песнопојци, со општото расположение на Македонците, тогаш нема дилеми дека „Карванот на нациите“ беше една навистина лична карта на македонската заедница. И не случајно, многу  пати Карванот се нашол на самиот врв и како еден од најдобрите организатори ги освојувал највисоките први и втори места, прогласуван од страна на организаторот на етничките заедници во Онтарио.

karvan

Митровденскиот базар, пак, е едно прекрасно дружење и интересно славје на македонските верници и на сите оние што ќе посакаат, ќе имаат време и желба да дојдат во својот Светиклиментов храм. Тогаш, во тоа свето македонско место врие од народ. Врие од млади, од постари и најстари, кои сакаат да дојдат, да бидат тука заедно, да ја споделат убавата атмосфера што владее во сите простории на црквата.

Одличната декорација, богатата програма и толку разновидната македонска трпеза го прават овој Митровденски базар навистина да биде оригинален и невообичаен за останатите заедници во Торонто. Горди се Македонците што и на тој ден можат да се видат и чујат, да се дружат и да уживаат во богатството од роднокрајни обичаи и традиции донесени од сите делови на родната Македонија.

Исто така треба да се нагласи младинските секции, бидејќи младоста, разбирливо, отсекогаш пленувала со својата енергија, ентузијазам и со своите идеи. Таа давала сè од себе за што поуспешно да ги организира многуте собири, дружења и други културно-просветни и забавно-рекреативни активности.

Во изминатите години, Македончињата организирале толку многу игранки, рецитали и натпревари, што во најубава светлина се претставиле и пред македонската публика, а и пред канадската јавност.

Генерациите млади Македонци биле и остануваат македонска гордост и вчера и дене и утре. Затоа, и во младинската секција и во играорните, драмските, литературните, спортските и другите секции и групи, тие се големата иднина. 

На најстарите Македонци, пак,  и на многу почитуваните членови, активисти и пријатели, оние што придонесуваат и што дадоа многу време, пари и труд, тие што неуморно работеа во црквата и во секциите, а и оние коишто се само пензионери – Македонци, во знак на почит и благодарност широко им се отворени вратите на црквата „Свети Климент Охридски“.

Така, во рамките на црквата, со успех работи Пензионерскиот клуб „Гоце Делчев“ во една од салите, од понеделник до петок, од девет часот наутро до пет часот попладне. Пензионерите доаѓаат во салата и другаруваат и клубот е прилика да се оживуваат спомените од минатото, да се раскажуваат сеќавањата за стариот крај или да се гледаат филмови и телевизија, да се слуша музика и да разговараат колку што им е волја. Секој четврток клубот организира заеднички македонски ручек, а во салата може да се добие кафе, чај и друго.

Во Пензионерскиот клуб „Гоце Делчев“ членуваат голем број Македонци од сите делови на Македонија, кои навистина се трудат да создадат услови и амбиент за една посреќна и подолга старост.

Исто така, значајна е Библиотеката во црквата „Свети Климент Охридски“ која  е отворена во 1974 година, од тогашниот претседател на Матицата на иселениците од Македонија, Живко Василевски. Таа содржи повеќе илјади книги – подарок од поединци и од бројни институции од Македонија.

od-panonija-do-egej

За сите оние Македонци кои ја сакаат книгата и убавиот мајчин македонски јазик отворени се вратите на Библиотеката. Во ова вистинско богатство од најразлични книги може да се ужива и седејќи во читалната, па така оние што имаат желба да читаат, да научат и да се запознаат со националната и со црковната историја на својот народ и на својата земја Македонија, која е толку богата и разновидна, имаат одлична можност за тоа.

Читателите може да се запознаат со македонскиот литературен јазик, со современата македонска литература и со сè она што беше и е минато и сегашност на нивната татковина Македонија.

Една од значајните секции во црквата „Свети Климент Охридски“ е и Социјално-спомагателната секција. Во неа членуваат поголем број македонски иселеници кои прават добрини на овие на коишто хуманоста и помошта им е неопходна. Оваа секција има организирано бројни хуманитарни акции, меѓу кои, помош на граѓани во македонската заедница и во Република Македонија. Оваа секција во целина има значајно место во хуманитарните активности меѓу македонската колонија во Торонто.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top