Дијаспора

Мери Кондов – првата претседателка на Женската секција во „Свети Климент Охридски“ во Торонто (11)

meri-kondov

meri-kondov

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Несомнено кога се пишува за историскиот развој на првата македонска првославна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, Канада, тогаш името на Мери Кондов (Кондоф) е тесно врзана со активностите и работата на овој духовен храм. Таа беше првавиот избран претседател на Женската секција во 1963 година, чија работливост, честитост и трудољубие оставиле длагоки траги кај помладите идни македонски генерации во Торонто.

Исто така, Мери како видна Канаѓанка од македонско потекло во Торонто, беше член на повеќе македонски и канадски асоцијации. Таа беше секретар во неколку поголеми фирми, потоа секретар на Комитетот за помош на настраданите во скопскиот земјотрес од 1963 година, уредник и водител на  англискиот  дел на македонскиот радио – час „Македонски глас”, како и член на делегацијата на Либералната женска асоцијација

Мери беше родена во 1923 година во Торонто, каде што нејзините родители Крис и Тина Василеви уште во времето по Првата светска војна се доселиле од селото Жупаниште – Костурско, од Беломорска Македонија.  И родителите на нејзиниот сопруг Пит (Пандо) Кондов, кој беше роден во Детроит, САД, потекнувале од Костурско, Егејска Македонија; мајкаму била од Габреш, а таткому од Д‘мбени. Тие биле  едни од првите македонски доселеници во „ветената земја” – Америка.

И покрај тоа што се родени на северно – американскиот континент. Мери постојано се бореше и ја докажуваше вистината за македонскиот народ и Македонија. Тоа особено го правеше со активноста во македонската православна црква „Св. Климент Охридски” и националната организација „Обединети Македонци”, афирмирајќи ја македонската вистина, култура, наука, традиции, историја, обичаи, религија и друго.

Меѓу бројните активности на тие простори насочени кон зачувување на македонското национално битие, Мери заземаше значајно место и беше една од поактивните Македонки во најголемата колонија – Торонто, во еден долг период. Врската на таа Канаѓанка од македонско потекло со дедовската земја – Македонија беше долготрајна и цврста и значеше продлабочување и проширување на сознанијата за Македонија и за македонскиот народ. Таа особено ги прошири врските со Македонија по Втората светска војна и по конституирањето на Република Македонија, еден од ослободените делови на распарчена Македонија. Така, во 1947 година, како член на Клубот на македонската народна лига, беше испратена како делегат да присуствува на Првиот светски младински фестивал што во организација на Светската студентска унија се одржал во тогашна Чехословачка.

toronto
Торонто

Познанството на семејството на авторот на овие редови со Мери и нејзиниот сопруг Пит Кондов траеше педесетина години. Така, во една пригога во разговорот што го водевме пред повеќе години во нивниот прекрасен дом во Норт Јорк, дел од Торонто, бевме информирани дека тоа и‘ било нејзино прво доаѓање на стариот континент, Европа. Имено, таа дошла со група студенти од целиот свет, а во рамките на канадската студентка организација „Дабари”, работела на изградба на градот Лидице во тогашна Чехословачка.

Од Лидице допатувала во Белград, како гостинка на Густав Влахов, тогашен функционер во Југославија. Тој период бил прекрасен дел од нејзиниот живот. Во Белград  останала две недели каде се интересирала и била запозната со  животот и активностите на Македонците во Белград, во Република Македонија и во Беломорска Македонија, а потоа заминала на едномесечна ударничка работа на пругата Брчко – Бановиќ. Таму се запознала со еден нов живот, различен од оној во Канада и, како млада девојка тоа и‘ останало во долги и вечни сеќавања.

Потоа, место да оди во родната земја, Канада, Мери се упатила кон Македонија, земјата на нејзините предци, каде што останала десет месеци. Како што ни рече Мери, на радоста и‘ немало крај, Првпат згазнала на македонска земја, а Македонија постојано била присутна во нивниот дом во Канада, зашто мајка и‘ и татко и‘ никогаш не го заборавиле своето родно место, Жупаниште, туку често се сеќавале и подариле љубов во семејството кон нивната родна земја, Македонија.

Љубовта кон Македонија Мери ја збогатила со тоа што од Канада донела радиостаница, која била наменета за борците во Граѓанската војна во Грција. Радиостаницата била купена со доброволен прилог и била подарок од Македонците во Канада, со цел да им се помогне на  браќата Македонци во Егејска Македонија кои се бореа за социјални и национални права.

Најпрвин пристигнала во Скопје, каде што се задржала подолго време, а потоа била испратена во селото Перово на брегот на Преспанското Езеро за да се запознам со животот на Македонците во Македонија. Според кажувањето на Мери,таму првпат вкусила леб од фурна и јадела грав од грне, турен во една тепсија од која јаделе сите заеднички. Од Перово заминала и посетила многу места ширум Македонија. Ги видела Ресен, Преспа, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Попова Шапка и други места. Сето тоа што го видела и доживеала било многу интересно, незаборавно и неповторливо. Затоа посакала во животот, уште на два наврати, да дојде во Македонија, да ги посети тие  и други интересни места и да се запознае со голем број Македонци..

По десетмесечниот престој во Македонија, Мери се вратила во Канада, а потоа отишла во САД, каде што се запознала со Пит Кондов, за потоа во 1949 година да стапат во брак во Детроит. Во почетокот Мери и Пит (Пандо) живееле во Детроит, потоа во Виндзор, а по 1955 година засекогаш се доселиле во Торонто.

Мери и Пит беа пензионери, кога го водевме разговорот и живееја во убавиот дел на метрополата Торонто, Виловдеил и беа среќни со својата ќерка Голаба (Дов), зетот и најмногу со внукот Кристи. Тие беа едно среќно македонско семејство. Меѓу другото, Мери и Пит беа активни во организацијата „Обединети Македонци”, а Мери долги години беше активен член на организацијата на Женската секција и нејзин прв претседател, како и долгогодишен активен член на управата на МПЦ „Св. Климент Охридски” во Торонто.

Професорот Пит Кондов, сопругот на Мери, пак, беше еден од видните Македонци во Торонто, активен член на повеќе македонски и канадски асоцијации, интелектуалец, професор по занимање, а Македонец по определба. Тој беше  еден од најактивните членови на „Обединети Македонци” во Северна Америка и на Канадско – македонското друштво за наука. Тој беше човекот кој ги презентираше Македонците и нивните асоцијации пред канадските и американските власти и пред бројни институции, пред кои ја презентираше вистината за Македонија и за македонскиот народ, а настапувал на бројни манифестации и собири во одбрана на Македонија.

Пит Кодов беше факултетски образован човек, искусен професор, педагог и основоположник на многу технички достигнувања во неколку канадски технички училишта и колеџи. Како инженер, во неговиот долгогодишен стаж се докажал и покажал, за што беше добитник на бројни пофалби, награди и признанија. Тој постојано нагласуваше дека многу му беше мило што е Македонец, зашто, како што велеше Македонците се горд народ со своја историја, култура, традиција, сегашност и иднина. Кога ја читал историјата од античко време до денес што ја напишале англосаксонци, се наоѓал себе си како дел од тој измачен, разделен, но горд народ.

kostur
Костур

Како што велеше, тоа го потврдил кај Македонците  во Торонто, но и при неговата посета на Македонија кога го посетил родниот крај на неговите предци во Костурско, во Егејска Македонија. За жал, таму се запознал и со судбината на Македонците од егејскиот дел на Македонија кои, поради бројни причини од политички и економски карактер, морале да го напуштат родното огниште и да бараат леб по светот.

На крајот од разговорот познатите и признати  Македонци Мери и Пит Кондов  потенцираа дека беа афирматори и вљубеници во македонската вистина и во Македонија. Во исто време го искажаа задоволството и заклучија дека за голема среќа, Македонците од етничка Македонија си нашле место под сонцето и во новата средина во Торонто. Тие беа среќни што Македонците претставуваат значаен дел на севкупниот живот во мултикултурното општество на демократска Канада и дека во исто време Македонците во дијаспората се дел од мозаикот на дедовската земја Македонија.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top