Дијаспора

Големиот бизнисмен Стив Ставро – Дикло од Торонто (35)

stavro

stavro

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Кога се пишува за успешните Македонци во дијаспората, неизбежно е да се спомене името на големиот бизнисмен од македонско потекло Стив Атанас Ставро, или како блиските го викаа по прекарот од родната Беломорска Македонија – Дикло. Тој беше роден во македонското село Габреш, Костурско, а одраснат во Торонто каде го постигна врвот на својата деловна работа и ги остави коските во споменик на ликот и делото на Александар Македонски.

Бизнисменот  Стив Ставро беше роден на 27 септември 1927 година во селото Габреш, Костурско, а емигрирал во Канада со своите родители на возраст од 7 години. Како и голем број Македонци од Беломорска Македонија семејството на Атанас Ставро се населило во централниот дел на Торонто, на улицата „Квин“, која во тие години личела како човек да се наоѓа во Македонија. Уште на почетокот таткому Атанас кој бил познат по своите способности отворил месарница во центарот на Торонто, а подоцна дуќанот го претворил во самопослуга. Таа самопослуга постепено се претворила во еден синџир на продавници што Стив ја презел функцијата од неговиот татко по неговото пензионирање. Нивниот бизнис почнал да расте од синџир на мали продавници во гигантски центри под името „Наб хил фармс„. Меѓу другите супермаркети (магацини-дисконти) на Стив Ставро, треба да се спомене дека продавницата во Вестаун, Торонто се сметаше за најголемиот супермаркет во метрополата Торонто и постоеше цели 15 години

gabres
Селото Габреш

Инаку, селото Габреш е лоцирано на околу 15 километри северно од Костур, во областа Корешта, на двата брега на Рулската река. Селото се состои од две одделни населби – Стари Габреш на десниот брег на реката и Нови Габреш на левиот. Стари Габреш, каде е роден Стив е практично напуштен, иако според попис 2001  имало 7 жители, а Нови Габреш има 420 жители. Во Габреш се наоѓа црквата “Свети Никола” и двата параклиса – “Свети Мина” и “Света Богородица Пречиста”.

Треба да се спомене дека судбината на Габреш била македонска, со сите нишани на истребување на македонското населени. Така, според статистичките податоци во Габеш во 1900 година имало 455 жители, во 1913 живееле 648 Македонци, во 1951 година 447, за потоа во 1971 година 75 и во 1991 само 10 жители. Името на Габреш грчките „демократски власти“ му го промениле името во Гаврос.

Во Втората светска војна Габреш беше во италијанската окупаторска зона. Меѓутоа трагичната судбина  започна за време на Граѓанската војна во Геција, кога од селото 87 деца беа прогонети, откорнати од дедовските корени како „деца бегалци“. Тоа беше почеток на крајот за масовното иселување на Македонците од Габреш во Австралија, САД,  Канада, Република Македонија и бројни други земји ширум светот.

Инаку, од селото Габреш потекнуваат и комити и грчки политичари, но ние, покрај Стив Ставро ќе ги споменеме: Михајло Керамитчиев, Наум Пеов, Крсте Битовски, Васко Панчаровски, Коста Ников. Џан (Лазар) Битов и многу други познати личности ширум светот.

toronto-maple

Бизнисменот Стив Ставро беше многу поврзан со дедовските корени во  родното село Габреш. Така, во еден разговор со авторот на овие редови Славе Катин и неговиот менаџер Коста Ников не информираше  за подарокот на црквата „Свети Никола“ во родниот крај и на светата земја Израел. Исто така разговаравме за македонските корени од античко време до денес. Не ги криеше своите големи симпатии кон ликот и делото на Александар Македонски, кој претставуваше идол и личност број еден за бизнисменот Ставро. Притоа треба да се каже дека тој беше човек со ведар дух, надарен, знаен од сите области на животот, хуманист, спортист и редок човек кој знаеше што треба и што сака во бизнисот.

Својата спортска кариера ја започнал уште во средното државно училиште во Торонто, кога и му се родила љубовта кон спортовите, за подоцна да стане значајна личност во спортското живеење на Торонто и на Канада. Неговото познанство со сопственикот на клубот „Мејполиф гарденс“ му ги отвори вратите тој потоа да биде сопственик на овој престижен хокеарски клуб во Торонто, а познат во целиот свет. Исто така, бизнисменот Ставро беше сопственик и на националната кошаркарска асоцијација „Торонто Рапторс“, на „Канадскиот центар“. И на други спортски објекти во Канада.

Се чини страста кон тркачките коњи му беше многу голема. Започна скромно, за подоцна да формира значајна ергела од ткачки коњи кои  ги полнеа стадионите за трчање на коњи во Канада и САД. За одбележување е тоа што еден од најпознатите и најдобрите тркачки коњи го носеше името Александар Македонски

toronto-maple-2

Во име на вистината треба да се каже дека бизнисменот Стив Ставро не беше многу поврзан со слободниот дел на Македонија, но се однесуваше со респект кон вистинските македонски вредности. Тоа го потврдивме во неколкуте средби со бизнисменотСтавро. Инаку, тој, припаѓаше на постарата генерација во Канада и, немајќи македонски православни цркви семејно ги помагаше и беше поврзан со Бугарско-македонската православна црква „Свети Кирил и Методи“ во Торонто, изградена во 1910 година, кон црквите „Свети Ѓорѓи“ изградена во 1940 година и „Света Тројца“ изградена 1971 година, кон Габрешкото спомогателно друштво “Прогрес”, кое беше формирано во Торонто, во 1911 година, како и кон Грчката православна црква „Свети Димитрија“ изградена во 1967 година, како пандан на првата македонска православна црква во Канада „Свети Климент Охридски“. Меѓутоа, Стив Ставро, во исто време беше донатор и подржувач и на Македонската православна црква  „Свети Климент Охридски“, на други македонски асоцијации и голем број канадски и други друштва, асоцијации и спортски клубови.

И покрај феноменалниот успех во вложувања во многу бизниси, Стив никогаш не ги заборави своите корени и луѓето што работеше со неговиот пат на иднината. Тој знаеше секој ден да ги посетува неговите објекти каде ги знаеше сите вработени по име и често со нив остануваше да разговара. Неговиот стил на работа одсекогаш беше да се постигне врвен квалитет и да се има голем респект кон „господинот купувач“.

На 24 април 2006 година, Стив Ставро почина во својот дом откако доживеа срцев удар. Тој живееше со својата сопруга Сали, со која имаше четири ќерки, девет внуци и 2 правнуци. Тој е погребан на влезот на гробиштата на „Маунт плезант“ во споменик со Александар Македонски. При нашата посета на неговиот вечен дом можевме да ја видиме неговата античка Македонија и неговиот идол Александар Македонски на коњот Букефал држејки меч во раката со метафора за неговиот бурен живот. Таму е вечниот дом на бизнисменот од македонско потекло Стив Атанас Ставро кој остави длабоки драги со неговиот живот и дело.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

To top