Дијаспора

СЕМЕЈНИ И СЕЛСКИ СЛАВИ ВО ВЕЛУШИНА (9)

1velj

1velj

Значаен сегмент од севкупното живеење на велувци биле семејната и селската слава. Затоа, секое семејство во Велушина има свој, семеен светец, чија икона виси кај еден агол од домот. Најчести семејни слави во селото се оние што се поврзани со празниците: Сввета Богородица (Пречиста), Петковден, Свети Архангел, Митровден, Свети  Ѓорѓи, Свети Никола, Света Петка и други.

Семејството што го слави својот ден врши темелни подготовки. He само што ја уредува, чисти и украсува куќата, ами прави и обреди наречени „кревање леб”. Всушност, се меси специјален леб од бело брашно кој заедно со вино се носи „да се cnee“ во црквата, Од ваквиот леб се кршат парчиња и им се даваат на децата, но ина другите домашни – „за здравје”,

Селската слава во Велушина, е позната како „панаѓур”, односно „панаир”. Неа ја слави целото село. Познати се три: Свети Ѓорѓи, Света Недела и Света Богородица (Голема). Првата, Свети Ѓорѓи е попозната и таа, всушност, се смета за „Ден на селото”. Двете други, Света Недала и Света Богородица ја немаат популарноста и посетеноста на првата, но се одбележуваат. Во минатото, откако настанаа споровите со монасите од манастирот, дури и средбите на Св. Богородица го засенија „Денот на селото“.

Неколку години, заради специфичниот начин на живот на монасите во манастирот, беа откажани сите прослави таму. Имаше дури и непријатни сцени меѓу двете групи, оние што сакаа да продолжи традицијата, славата да се одбележи во манасттрот, и оние што го поддржуваат монашкиот интегритет Тоа е причина „Денот на селото“ да се замени со прославата на Успение на Св. Богородица (Пречиста) и денот на оваа црква да ги добие сите обележја на славата на манастирот.

2velj

Свети Ѓорѓи и

2svetСвета Богородица 

Инаку според кажувањата на велувци по зааршувањето на Втората светска војна, во Велушина беа покренати активности за обнова на селото со изградба на мостови, задружен дом, електрификација, водовод, продавници и други зафати од интерес за животот на месното населенме. He изостана ни обновата на основното училиште и пошумувањето на околината на селото.

Според кажувањата тоа било време на кое велувци со гордост се сеќаваат, бидвјќи селото се здобило со голем дел од објектите неопходни за еден подобар живот. кој не беше далеку од животот во градот. Но, таквиот подем на Велушина и неговата атрактивна позиција во убавата природа на Баба Планина и Пелистер, беше повод за доселување на нови луѓе, не само од Македонија, туку и од други републики на тогашна Југославија.

Така, во 70-тите години на минатиот век, во селото веќе биле доселени 15 семејства од општината Трговиште, пo национзлност Срби. а десет години потоа доселувањето продолжи со луѓе од Западна Македонија. Така започна и процесот на албанизација на Beлушина, односно на иселувањето на неговите жители, најпрвин во Битола и Скопје, а потоа во САД, Канада и Австралија. Денес староседелците на ова село можат да се избројат на грсти, бидејќш станува збор за стари луѓе кои нема никаде да заммнат, со тага на душата раскажува мојот пријател Алексо Јановски, кој живее во Битола.

Според Алексо, Велушина живнува во лето, кога иселениците доаѓаат во стариот крај, да го посетат старото родно огниште. се фотографираат покрај куќите во кои се родиле и живееле и повторно заминуваат. Според него единствени што се враќаат во селото се иселениците во Битола, со единствена цел, да изградат викендички во убавата природа на Велушина или да ги обноват старите куќи.

Олштата слика на Велушина денес е навистина жална. Населбата пропаѓа, старите куќи наликуваат на сеништа, без покриви и со разурнати ѕидови, освен куќата на семејството Јановци, која се наоѓа на најатрактивното место во селото, со позиција кон југ и објекти околу неа, кои говорат дека во неа живееле луѓе со смисла за урбан живот.

3veljКуќата на Јановци во Велушина

Фотографијата на Петре и неговата сопруга Софка се’ уште виси на еден од ѕидовите во собата на катот, потсетувајќи на бурното минато на нејзините жители. Куќата е релативно зачувана и уредена благодарение на Алексо Јановски, кој се грижи за имотот на свопте блиски роднини колку што може. Toa e уште еден доказ дека семејството Јановци се домаќини, луѓе кои знаат да го ценат трудот ичија чесносг и способност им служи за пример на велувци.

Претставата за Велушина ќе остане посиромашна ако не ги споменам петнаесетте воденмци на водите на Стара Река, од кои половина беа на Јановци, а денес работи само една, додека другите речиси и не постојат. Како што, впрочем, полека исчезнаа земјоделието и сточарството, кои пред војната беа основни дејности на Велушина. Го снема блеењето на илјадниците овци и мукот на крупната стока, но и викот на селските момчиња што трчаа по Ридот, галени од ладното пелистерско ветерче.

Полека го снемува големиот Тапанџиски камен, на кого во времето велувци се искачувале како на вистински голем тапан, со вдлабнатина ео средината исполнета со сол за стоката. Како да исчезнаа и јазовите и буките, со врвулиците од луѓе и деца и вревата на собраните луѓе пред занаетчиските дуќани, од кои денес нема ни трага.

Алексо Јановски се сеќаваат и на рудникот за кварц, со површински коп, сега веќе исцрпен, на „Кооперацијата” од која се снабдуваа со артикли, а ми  раскажа и за „Сокарата“, која покрај сокови произведува и велушка минерална вода, иако се работи за погон од понов датум. На овие сврталишта на велувци се разменувале најновите вести од земјата и светот, се разонодувале со некаква игра или се договарале за некаква заеднмчка акција.

Но, за велувци во иселеништвото сигурно е новина фактот дека во 1984 година во Велушина била формираа Ликовна колонија. во која секоја година no петнаесетина уметници гостувале со своите штафелаиг создавајќи ликовни дела од старата селска архитектура на селата Драгош, Граешница, Лажец, Породин, Канино и Велушина.

Уметниците биле сместувани вo конакот на велушкиот манастир Свети Ѓорѓи. Колонијата работела пет години, помогната од државата, за потоа да згасне.

Продолжува 

1Slave Katin 3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

To top